ВОНРЕДНО инфо од Славчо Попоски: Снежен бран насекаде низ Македонија, еве кога!









ВОНРЕДНО инфо од Славчо Попоски: Снежен бран насекаде низ Македонија, еве кога!




Метеорологот Славчо Попоски вели дека во новата седмица која што ни претстои ни следува период крајно необично време.




– Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.




Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.




Во Скопје ќе имаме слично време.




РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец. Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа, известува метеопрогнозерот Славчо Попоски, за повеќе метео информации заследете го неговиот Фејсбук профил – ТУКА.

error: Content is protected !!