Папата: Тие што мислат дека xoмоcекcуaлнoста е кpивично дело грешат









Папата: Тие што мислат дека xoмоcекcуaлнoста е кpивично дело грешат

Папата Франциско ги појасни своите неодамнешни коментари за xoмоcекcуaлнoста и гревот, велејќи дека мислел само на официјалното католичко морално учење дека секој cеkcуален чин надвор од бракот е грев, пренесува АП.




„Грешат оние кои мислат дека xoмоcекcуaлнoста е кpивично дело“, рече папата во писмото објавено денеска, во кое сакаше да ги разјасни своите претходни коментари за xoмоcекcуaлнoста, која сè уште ја смета за грев.




Во интервјуто во средата, папата рече дека да се биде геj не е кривично дело, според АП.




„Тоа не е злосторство. Да, но тоа е грев“, рече папата Фрањо, додавајќи дека „грев е и немањето милост кон другите“.




Во писмото упатено до американскиот свештеник Џејмс Мартин, папата истакна дека има намера неговите неодамнешни коментари за xoмоcекcуaлнoста да нагласи дека кpиминализациjата не е ниту добра ниту праведна. Тој рече дека во своите коментари за гревот се осврнал на моралните учења на Католичката црква.




„Кога велам дека тоа е грев, јас едноставно се повикувам на католичкото морално учење кое вели дека секој cеkcуален чин надвор од бракот е грев“, нагласи Папата.
Писмото на папата Франциско е одговор на писмото на свештеникот Џејмс Мартин кој побара појаснување за неговите изјави во интервју за АП во средата.

error: Content is protected !!