(Видео) Стружани ќе ги изедат кучиња: Снимка од нов напад, момчето едвај спаси глава
Во цела Македонија е хаос со кучињата скитници, но веројатно на врвот на оваа листа е Струга.
Во овој град од државата има навистина огромен проблем, а дали ќе има решение, ретко кој знае. Градоначалникот Мерко топката ја префрли на Владата.
Пред две недели, човек со пушка тепаше кучиња, а потоа активисти ми скокнаа и бараа да оди во затвор.
Набрзо потоа, токму една активистка беше нападната од кучиња, при што беше тешко повредена. Сето ова во Струга.
Денес, нов напад, а снимката објавена на социјалните мрежи. Еве што пишува:
Еве го новиот напад! Граѓанинот и овој пат имаше среќа, помина со мал залак. Општина Струга / Општина Струга / Општина Струга дали сте надлежни? Здраво десетици објави без реакција!!! Струга на поезијата го смени името во Струга на кучињата.
(Видео) Стружани ќе ги изедат кучиња: Снимка од нов напад, момчето едвај спаси глава
