Дали Македонците ќе го плукаат и него како Антиќ: Пандев во посета на Црвена Звезда – си доби и дрес (ФОТО)
Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев денеска бил во посета на српскиот шампион Црвена Звезда.
На профилот на Твитер на Ц. Звезда беше објавено дека Пандев бил во просториите на клубот во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ.
„Нашиот клуб денеска ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Ц. Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.
Перо Антиќ е голем фан на Црвена Звезда, особено на фудбалскиот клуб. А поради тоа, беше мета на напад од многу Македонци.
Дали Пандев го очекува истото?
Дали Македонците ќе го плукаат и него како Антиќ: Пандев во посета на Црвена Звезда – си доби и дрес (ФОТО)
