Сите изненадени, се појави Заев и доби ГОЛЕМА НАГРАДА – еве што се случи









Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, во рамки на саемот „Винска визија на Отвоен Балкан“ што се одржува во Белград, прими Голема плакета од Стопанската комора на Северна Македонија како признание за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан, чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.




Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионална бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето.

Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан.

– Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните, изјави Заев.




Тој порача дека како бизнисмен ќе продолжи да ги подржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан. Изрази и надеж дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија.

-Зоран Заев во својот мандат како претседател на Владата на Република Северна Македонија во периодот 2017 – 2021 година, покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатаму водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Заев продолжува да ја развива и подржува иницијативата „Отворен Балкан“, сега од другата страна, од страната на бизнис секторот, како двигател на економијата кој води напред, се друго останува на историјата, беше речено на доделувањето.




Стопанската комора – „комора на иднината и консултант на компаниите во бизнисот“, одлучи наградата на Заев да му ја додели на овој прв меѓународен саем за вино, храна и туризам, како дел од активностите кои редовно се одвиваат во рамки на иницијативата Отворен Балкан во насока на подигнување на степенот на регионална соработка и бизнис интеграција.

-Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но сите завршиле неуспешно и се надворешни иницијативи. Отворен Балкан е концепт кој е подржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион. Искрените заложби како претседател на Владата на Република Северна Македонија со мандат од 2017 до 2021 година, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, за развивање и креирање на Иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, се препознаени и наградени од Стопанската комора и заслужуваат највисока почит, нагласија од Комората.




Ваква награда во јуни, на самиот на Отворен Балкан во Охрид, им беше врачена и на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и на македонскиот и на албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама.

Михајловиќ-Бектеши: Белград и Скопје планираат заеднички проекти за изградба на енергетска инфраструктура

Српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска на самитот на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, со министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши, разговараше за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетот на српската вицепремеирка, Михајловиќ и Бектеши се согласија дека солидарноста и соработката во моменти на енергетска криза, како и реализацијата на заеднички проекти во изградбата на енергетската инфраструктура се клучни за подобрување на енергетската безбедност на сите земји во регионот, не само на земјите членки на Отворен Балкан.




-Нашата соработка во енергетиката, пред се кога станува збор за поврзување и изградба на енергетска инфраструктура, ќе значи развој и безбедност на целиот регион, особено кога станува збор за изградба на гасни интерконекции и нови капацитети кои користат ОИЕ за производство на енергија. Без поинтензивна и посилна соработка нема долгорочна стабилност, не само на нашите две земји, туку и на сите земји од околината. Соработката на иницијативата „Отворен Балкан“ ја подобруваме преку работата на заедничката кризна група, што претставува основа за конкретни проекти како што се можноста за изградба на соларна централа, заедничко балансирање, изјави Михајловиќ.

Во разговорот, кој му претходеше на состанокот на кризната група за храна и енергија на денешниот лидерски самит на ОБ, стана збор и за можностите за складирање на енергија, пред се гас, балансирање на електрична енергија, како и за создавање заеднички фонд за финансирање идни проекти.




На средбата одржана на маргините на денешниот самит на лидери „Отворен Балкан“ во Белград, Михајловиќ и Бектеши разговараа и за подобрување на севкупните билатерални односи меѓу Србија и Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Ковачевски: Со краткорочни, среднорочни и долгорочни проекти заеднички обезбедуваме стабилност

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање на Самитот на Отворен Балкан во Белград истакна дека енергетската криза треба заеднички да се решава со што ќе се обезбеди потребната струја за целиот регион.

Премиерот Ковачевски подвлече дека само со заедничка соработка која што е база на економија, ќе се овозможи да имаме електро – енергетски систем којшто ќе овозможи електрична енергија во доволни количини кои во моментов ги нема и електрична енергија по цени за конкурентна економија за сите држави и по оптимална цена за граѓаните.

Премиерот Ковачевски подвлече дека проблемот во моментот со кој што се соочува Европа и сите наши држави, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина е недостатокот на електрична енергија и исклучително висока цена на суровини за производство на електрична енергија.




„Кога ќе ги погледнете цените на електрична енергија, на гасот, на мазутот, тоа значи дека ги нема во доволни количини. Тоа треба да го знаат граѓаните, а постојат политичари кои што на тие недостатоци, сакаат да им дадат политичка димензија, што не е точно. На пазарот постои недостаток на енергенси, гасот не е достапен заради војната во Украина, мазутот го има во помали количини, бидејќи се користи повеќе заради недостаток на гас и заради недостаток на ветар во северните мориња, заради сушата во Европа, заради неможноста да се ладат нуклеарните централи во Франција, Германија. Најголем дел од реакторите се исклучени и има недостаток на електрична енергија. Високите цени значат дека понудата е помала, а секој економист ќе каже дека маргиналната цена на крајот ја определува и побарувачката, затоа на високи цени се намалува и побарувачката. Македонија, а убеден сум дека 99% тоа се однесува и на Србија, Албанија и другите земји од регионот, за да може да обезбедат електрична енергија која што е по цена која што граѓаните можат да ја издржат, државите ја субвенционираат истата. Ние, само минатата недела, односно оваа недела која завршува денес, префрливме 50 милиони евра на ЕСМ за да може да обезбеди електрична енергија која што 80% е субвенционирана за граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски дополни дека ЕСМ има задача да ги активира сите производствени капацитети кои се во негова сопственоста, РЕК Битола со оспособување на сите блокови, ТЕЦ Неготино, когенеративната централа „КОГЕЛ“ која е со помал капацитет и ставање во употреба за баланс на енергија на сите хидропотенцијали.




„Хидропотенцијалите можат да се користат како базна енергија, но во овој момент тоа е практично невозможно заради долгите сушни периоди и намаленоста на капацитетот на акумулациите на ниво од некаде од 50%. Верувам дека тоа е, исто валидно за сите држави во регионот. Во такви услови ставањето во капацитет на сите централи кои ги имаме бара енергенси кои се со повисока цена. Тие енергенси се најмногу од увоз, што значи – најквалитетниот јаглен го има во Албанија и во Грција меѓутоа и во таа цена заради порастот на сите цени е зголемена. Ако цената на јагленот беше 43 евра за тон сега е 93 и над 93 евра. Транспортот заради зголемената цена на мазутот и на дизелот, исто така е зголемен. Тоа значи дека и производството во домашни услови е поголемо. Но, државата тоа го прави и ЕСМ кај нас има задача 25% од производството да го зголеми во однос на минатата година“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски појасни дека во моментов сите граѓани кои се на регулираниот пазар, сите домаќинства и сите мали потрошувачи на електрична енергија- 72.000 мали потрошувачи, а тоа се приватни компании се на регулираниот пазар кои добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.




„Тие субвенции се од Буџетот на државата. На слободниот пазар кај нас има околу 1.300 приватни компании и 530 институции кои се на либерализиран, слободен пазар и кои што преку трговците на електрична енергија истата ја купуваат. Нивните барања се ставање во функција на приватните производствени капацитети на електрична енергија, тоа се обновливите извори на електрична енергија, доминантно фотоволтаици и мали хидроцентрали и ставање во функција на гасната когенеративна централа „ТЕ – ТО“ со цел енергијата да им биде понудена под берзанските цени на слободниот пазар за да можат нивните производствени и услужни процеси тоа да го издржат. Во моментов Министерството за економија, ЕСМ и други мои колеги од ресорот преговараат со сопствениците на „ТЕ – ТО“ со цел од почетокот на грејната сезона до крајот до 31 март да работи „ТЕ- ТО“. Доколку во неговата работа која што е со капацитет од скоро 200 Мега-вати се појават вишоци тогаш нормално дека ќе го понудиме на нашите први соседи, а тоа се Србија, Албанија и другите кои ќе имаат потреба“, рече Ковачевски и дополни дека за да се овозможи и „ТЕ-ТО“ да работи потребен е гас, а гас во моментов има Србија и го лоцира проблемот дека во изминатите 30 години независна Македонија и Србија не е направена интерконекција и тоа е нешто што на среден рок мора да го направиме заедно.

Премиерот Ковачевски нотираше дека во изминатите 30 години не е направена ниту интерконекција Грција –Македонија за да може да се приклучиме на ЛНГ терминалите, а тоа исто така се прави на среден рок.




„Ние како држава имаме потпишано меморандуми и договори со компанијата за оперирање на гасоводите во Грција за изградба на гасовод од Солун преку Евзони до Неготино. Веднаш штом ќе биде готово, ќе биде овозможено Србија да има интерконектор со Македонија. Истото се однесува и до Албанија, која има потенцијал преку пристаниште и за ЛНГ и за други суровини и затоа ќе мора прво да се инвестира во големиот проект кој го имаме за железничка пруга и автопат до Албанија, а потоа и изградба на гасовод. Мрежата која во изминатите 30 години не е реконструирана во однос на високо напонско поврзување на Македонија, Косово и Црна Гора, прави проблеми во нашата мрежа при зголемен напон односно вишоци на електрична енергија која е во мрежата. И таа ќе мора да се прави на среден рок. Дополнително понудивме изградба на фотонапонски централи во Северна Македонија, блиску до изворите на базна енергија, да бидат регионални проекти и на Србија и на Албанија. Јас сум веќе во контакт со премиерот на Грција во однос на обезбедување на мазут, бидејќи тој доаѓа од Грција а нашата ТЕЦ Неготино работи на мазут“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски подвлече дека и со Република Бугарија која граничи со две од државите на Отворен Балкан, мора да обезбедиме непречено функционирање на меѓународните интерконекции во текот на целата зима, на барање на стопанските субјекти кај нас. Премиерот Ковачевски додаде дека имаме краткорочни мерки кои ги реализираме на дневна основа, среднорочни мерки за поврзување на сите држави во регионот како и среднорочни и долгорочни за градење на нови капацитети кои мора да бидат од регионален карактер. Ковачевски заклучи дека ако секоја од нашите држави согласно своите финансиски можности реши сама да го консолидира својот енергетски систем, нема да биде во можност истото да го направи.

error: Content is protected !!