Позната е ВИСТИНСКАТА причина за заминувањето на Нефи Усеини од советничката позиција во Охрид – ЕВЕ за што се работи









Позната е ВИСТИНСКАТА причина за заминувањето на Нефи Усеини од советничката позиција во Охрид – ЕВЕ за што се работи




Контроверзниот советник и охридски бизнисмен, првиот човек на организацијата на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, поднел оставка до Советот на Општина Охрид. Тој за „ТВ 24“ вели дека причините за одлуката се лични, а главна причина е неговата презафатеност.




– Се повлекувам од Советот поради премногу приватни обврски поради кои не можам и немам време да присуствувам и активно да учествувам на седниците. Ја поднесов оставката до советот и таа е прифатена” вели Усеини.




Советниците денеска ја прифатија оставката, на следната седница ќе биде назначен нов советник од ДУИ, а во меѓувреме ќе се состане комисијата за верификација, за да се запази целата постапка во вакви случаи.




Усеини и лани поднесе оставка на советничката функција – тој и лани се повлече, но потоа се пишмани и ја задржа позицијата. Сега вели дека одлуката е конечна.




Усеини, од политичките противници и „жртвите“ нарекуван „локален шериф“, беше вмешан во низа скандали, тепачки и претепувања и судски случаи во минатите години. Тој бесправно изгради дивоградба во центарот на Охрид, кај Стариот чинар која и натаму стои и работи, натепа друг општински советник и професор, а изгради и бетонска база на самиот брег на Охридското Езеро, во заштитена зона. За ниту еден од овие случаи нема институционална разрешница.

error: Content is protected !!