Денеска во Охрид на 74 годишна возраст почина Благоја Силјаноски, поранешен претседател на Собранието на општина Охрид, пратеник , новинар, публицист, есеист и писател, пренесе Скопје1.
Силјаноски беше роден е на 29 март 1948 година, во село Белчишта, Дебрца кај Охрид.
По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува последипломските студии и го одбранува магистерскиот труд здобивајќи се со звањето магистер по економски маркетинг.
Работниот век го започнал во Радио Охрид, каде што работел од 1970 до 1975 година, како новинар, уредник и коментатор, а од 1975 година преминува во РТВ Скопје (сегашна МРТВ) како раководител на регионалниот дописен центар во Охрид.
Во 1988 година, бил избран за претседател на општинскиот комитет на СКМ Охрид, а од 1990 до 1996 година, беше прв претседател на Собранието на општина Охрид во самостојна суверена и независна Република Македонија.
Во овој период бил и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, и ја предводел македонската делегација на Заедницата во Комитетот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа во Стразбур, Франција.
Во 1994 година, на слободните демократски парламентарни избори беше избран за пратеник од педесет и првата изборна единица во Собранието на Република Македонија.
Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и на престижната награда на Охрид 7 Ноември”, сега “Свети Климент Охридски° патронот на Охрид.
Со литературно творештво се занимава од раните детски години кога пишува поезија за деца и објавува во повеќе детски списанија и во периодични весници. Со проза почнал да се занимава подоцна, пред крајот на работниот век. Досега ги објавил романите: Талкање – Винтрекс° (2003), Бистем (2004), Векослов за светиот град (2004), Охридската инфарктштрасе (2005), Чемерни судбини (2005), сите во издание на НИД Микена од Битола.По романот „Стуткани сништа “од 2007 година ја издава публицистичко – туристичката проза „Мирисот на патината “ посветена на Охрид. „Деволски краснопис “ е последно негово печатено дело во 2008 година.
Посмртните останки на Благоја Силјаноски во недела 4 септември од 12.00 до 12.30 ќе бидат изложени во капелата Градските гробошта во Охрид по што ќе биде погребан.
Извор: Скопје 1
Повеќе за Собранието во Македонија:
Собрание на Македонија (службено: Собрание на Република Северна Македонија, често именувано како Македонско собрание) — претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Македонија. Собранието е еднодомно и според Уставот на Република Македонија може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 пратеници.
Пратениците се избираат на општи и непосредни избори со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено убедување. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието. Собранието заседава во Скопје. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери.
Собранието работи во зградата на Собраниската палата, сместена во близина на Плоштад Македонија во Скопје, наспроти паркот Жена-борец. Палатата била изградена во 1938 година по проект на Виктор Худак, чешки архитект. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, надвор во форма на петоаголник со внатрешен двор со сала. Првично се употребувала од локалната управа во тогашното Кралство СХС, сè до ослободувањето на градот Скопје во ноември 1944 година кога овде се сместува тогашната републичка власт—претседателот, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд на ДФ Македонија.
По Скопскиот земјотрес од 1963 година, зградата била оштетена и се презеле големи зафати за нејзино санирање и реконструкција. Како дел од Скопје 2014 пред Палатата е поставен Споменик на Никола Карев, водичот на Крушевската Република. Палатата на Собранието денес располага со повеќе сали за седници, кабинети на Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, на потпретседателите, како и за раководителите на комисиите, пратеничките групи, стручните служби и секторите, и за генералниот секретар на Собранието и неговите заменици. „Палата на собранието“. sobranie.mk. Посетено на 26 јануари 2021.
Собранието на Република Македонија го донесува и изменува Уставот на Македонија, донесува закони и дава автентично толкување на законите, ги утврдува јавните давачки, донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот, донесува просторен план на Републиката, ратификува меѓународни договори, одлучува за војна и мир, донесува одлуки за менување на границите на Републиката, донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави, распишува референдум, одлучува за резервите на Републиката, основа совети, избира Влада на Република Македонија, избира судии на Уставниот суд на Република Македонија, врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон, врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието, дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.
Собранието е предводено од претседател на која функција во моментов служи Талат Џафери од ДУИ, избран на 27 април 2017 година, неколку минути пред да се случи упадот во Собранието. Првиот претседател на Собранието е Стојан Андов.
Во водството е вклучен и генералниот секретар на која функција од 15 јули 2017 година е Цветанка Иванова од СДСМ.
Парламент е политичко тело кое има законодавна и уставотворна власт во современиот политички систем.
Зборот „парламент“ води потекло од латинскиот израз parlare, што значи да се зборува. Според својот назив парламентот претставува место каде што се одвива дискусија, се расправа, се зборува. Парламентот како институција настанува во феудализмот како резултат на барањето на феудалците да го ограничат правото на монархот своеволно да им наметнува даноци. Почнувајќи како тело во кое било претставено благородништвото, со текот на времето парламентот ја добива функцијата која ја има денеска во земјите во светот, функцијата на претставничко тело на граѓаните. Најстариот парламент е Исландскиот Алтинг основан во 930 година.
Кај словенските народи, почетоците на парламентарниот живот имаат корени во минатото, кога на народните собири претставниците од народот (обично „поугледни“ луѓе или управители на области), на повик од владетелот, расправале за најважните државни прашања.
Парламентот историски се развил во Англија, а првобитната намена му била во доменот на одредување на висината на данокот, за подоцна опсегот на одлучувања да се прошири и на судот и, најпосле, на законодавството.
Парламентот може да биде составен од еден Дом (што се нарекува монокамерализам), дводомен (или бикамерализам) или од повеќе домови[1] (ретко), а во денешниот политички живот, во унитарните држави, долниот дом обично е појак, додека во федералните земји тие се еднакви (гориот дом обично е дом на федералните единици).