Сани и Никола ставија потпис – Пејачката му порача: Сам си ја потпиша судбината
Пејачката по вториот неуспешен брак, беше подолг период сама, но како што велеше таа поради големиот број додворувачи морала да има и лично обезбедување.
Сепак, конечно таа ја пронајде среќата после многу години, а нејзиниот избраник е Никола Урдаревиќ.
После кратка врска, нејзиниот партнер Никола ја побара за сопруга.
Никола Урдаревиќ се бави со хотелиерство, а парот веќе не живее во Македонија, односно по она што може да се види од социјалните мрежи, тие имаат среќен брак во Швајцарија.
Сани на социјалните мрежи сега објави и фотографии од тоа како двајцата и официјално влегуваат во брак односно ставаат потписи.
-Сам си ја потпиша судбината, пишува Сани, нормално со доза на смеа.