Ретко видена работа: Градоначалникот ќе оди на протест – сам против себе?
Наместо да се работи и да се покажат резултати, градоначалникот одлучи и тој да излезе на протест со своите сограѓани односно гласачи. Чудна ситуација, велат сите.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со граѓаните вчера протестираше во Автокоманда и побара враќање на старото греење, откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.
– Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања. Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда. Неможе Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисницитe. Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокомандa, напиша Стефковски на Фејсбук.
Ретко видена работа: Градоначалникот ќе оди на протест – сам против себе?
