Советот за етика во медиумите на Македонија остро реагира за невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.
СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.
Прво, строго правило е дека за самоубиства не се информира, оти стручњаците одамна ја имаат потенцирано опасноста и корелацијата меѓу информациите за самоубиствата и нивниот број, односно како тие објави влијаат врз луѓето кои се ранливи и се во опасност. Од нив, токму младите се најизложени на тој ризик.
Понатаму, доколку медиумите проценат дека се работи за исклучителен јавен интерес и дека информацијата мора да биде објавена оти отвора општествен проблем, тие во никој случај не смее да се повикуваат на неофицијални извори и/или да шпекулираат за можните причини.
Информацијата мора да биде не само сериозно проверена, туку така и обработена, со фокус на анализа на големата слика, а не на конкретниот случај и/или експликација на подробности.
Имајќи ја предвид сензитивноста на темата, во своите пишувања медиумите исто така мора да се вклучат и во процесот на едукација на јавноста и превенција, а никако не да газат по линијата на сензационализмот.
СЕММ покрај на експертските препораки за известување за самоубиства, потсетува и на членовите 7 и 8 од Кодексот на новинари кои налагаат новинарите да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.
Повеќе за СЕММ:
Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.
Советот е орган за саморегулација на медиумите и својата активност, главно, ја базира врз утврдување на јавни морални санкции за оние медиуми кои не ги почитуваат професионалните/етичките стандарди, Кодексот на новинарите и Принципите на Меѓународната федерација на новинарите.
Мисија: Советот се залага за одржување и унапредување на етиката и на професионалните стандарди во медиумите, како за своите членки, така и општо во медиумската заедница во Македонија. Воедно ја следи и ќе реагира на секое нарушување на етичката и професионалната реалност генерално и силно и постојано ќе се залага за слободата на говорот, борбата против цензура и автоценцура, како и за отстранување на сите пречки за медиумите и новинарите за да работат во согласност со правилата на професијата и моралните норми во новинарството.
Визија: СЕММ се стреми медиумите во Македонија да ги прифаќаат принципите на професионалното и етичкото новинарство, постојано грижејќи се за слободата на мислата, на говорот и интересите на јавноста. Истовремено, ја поттикнува јавноста да ја поддржува саморегулацијата и да придонесе медиумите да бидат непристрасни, независни и урамнотежени во својата работа.
Масовни медиуми (често само медиуми) или јавни гласила — поим кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу голема публика (обично, населението на една држава). Терминот бил искован во 1920-тите со појавата на националните радио-мрежи и весниците и списанијата со масовна дистрибуција. Публиката на масовните медиуми е разгледувана од некои теоратичари како масовно општество со посебни особини, меѓу кои атомизација и недостиг на општествени врски, што го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата.
Радио
Радиото го должи својот почеток на две други иновации, телеграфот и телефонот, бидејќи сите три изуми се блиски еден на друг. Радио технологијата почнала како проект за „безжична телеграфија“. Откривањето на радио брановите, кои по својата природа се електромагнетни бранови кои имаат капацитет да пренесуваат музика, говор, слики и други податоци, понатаму направилe комплетна револуција во техниката, бидејќи нивната примена е раширена во многу домаќински апарати, од микробранови печки, преку безжични телефони, до играчки кои се на далечинско управување.
Во 1860 шкотскиот физичар Џејмс Максвел го увидел постоењето на радио брановите, но дури 26 години подоцна Хајнрих Херц демонстрирал дека варијации на електричен извор можат да се проектираат во вселената, во форма на дгхјдгхндгхнрадио бранови. Претходно, во 1866 година, американскиот забар Малон Лумис ја претставил идејата за безжична телеграфија, правејќи ја првата безжична комуникација низ воздухот со помош на змаеви. Италијанскиот иноватор Гуљелмо Маркони го испратил првиот радио сигнал во 1895 година во Италија, додека четири години подоцна успеал да го мине и каналот Ламанш на овој начин. Тоа го охрабрило во 1902 година да испрати сигнал од Англија до што во историјата е забележано како прва прекуокеанска радиотелеграфска порака.
Никола Тесла и Нејтан Стејфлфилд ги патентирале безжичните радио трансмитери, па затоа Тесла важи за изумител на радио технологијата, што било докажано и по судски пат, кога Маркони го изгубил спорот со Тесла во американскиот Врховен суд.
Кај радио-телеграфијата брановите се испраќаат на идентичен начин како што се пишуваат во телеграфска порака со точки и цртички. Во тоа време, предавателите биле нарекувани „пали-гаси машини“, а биле употребувани во комуникацијата на бродовите меѓу себе и со копното. Американската морнарица прва ја употребила оваа технологија во 1899 година, а две години подоцна создала комплетен безжичен систем, испраќајќи ги гулабите „во пензија“. Првата приватна порака на овој начин била испратена од американскиот претседател Теодор Рузвелт, до англискиот крал Едвард VII, во 1903 година, од базата на Маркони во Масачусетс. Понатаму, се бележат употреби во метеоролошки, известувачки и полициски цели.
Ли Де Форест дал свој придонес со повеќе откритија: вселенската телеграфија, триодниот засилувач и детекторот на електромагнетно зрачење. Сето ова направило да стане возможно засилувањето на радио-фреквенцискиот сигнал што антената го добива, пред да се употреби во приемникот. Тој се смета и за „кум“ на зборот „радио“. Врз основа на ова е откриена амплитудната модулација, односно АМ-радиото. Претходните предаватели од типот „пали-гаси“ не го поддржувале овој систем. Соединетите американски држави го контролирале овој пронајдок сè до крајот на Првата светска војна. Потоа сите патенти поврзани со радио технологијата биле префрлени на компанијата RCA (Radio Corporation of America).
Преносот на глас бил испитуван уште во 1892 година од Нејтан Стаблефилд, кој ги изговорил зборовите „Здраво Рејни“ кон својот тест партнер Мари, што се сметаат за први во оваа сфера. Експерименталната програма на Реџиналд Фесенден, составена од говор и музика, првпат била чуена преку радио станици на бродовите во 1906 година. Овој Канаѓанец се смета за пронаоѓач на модулацијата кај радио брановите, врз основа на „хетеродин принципот“, што овозможувал прием и предавање на сигналот без прекин. Во 1915 година од морнарската база во Арлингтон, Вирџинија, бил пренесуван говор од Њујорк до Сан Франциско и преку Атлантикот до Париз. Првата редовна радио програма започнала на 2 ноември 1920 година во Питсбург, преку радиото КДКА. Пионерот на масовната комуникација, Д-р Франк Конрад се смета и за пронаоѓач на кратките бранови, како и за создавач на првата реклама во историјата, што ја направил за продавницата за плочи која го снабдувала со музика.
Радиото со амплитудна модулација зрачи на повеќе френквентни опсези: – Долги бранови од 153 до 279 килохерци, но не е достапно на западната полутопка. Се користи проред од 9 килохерци, при што се достигнале и 413 килохерци, но современото радио не зрачи на повеќе од 279 килохерци. – Средни бранови се од 520 до 1,710 килохерци, при што во САД проредот е на 10 Килохерци, а во Европа на 9 килохерци. – Кратките бранови се од 2,300 до 26,100 килохерци, поделени на 15 френквентни опсега. Се користи проред од 5 килохерци.
Фреквентната модулација е откриена во 1933 година од страна на Едвин Армстронг.Тао го подобрила аудио сигналот на радиото контролирајќи го шумот предизвикан од електричната опрема и атмосферата на Земјата, големо влијание има и носечката фреквенција која ја има Фреквенцијата кај FM e 87,5 до 108 MHz што значи по голема фреквенција по мала шанса за пречки од електричната опрема и атмосферата на Земјата, ноисто така голема заслуга за квалитетот има проширениот канален опсек наместо како кај AM од само 9KHz кај FM е 180 KHz за монофонични емитувања. Ли Де Форест го тужел Армстронг уште во 1915 година тврдејќи дека развива концепти врз неговиот патент, но изгубил 12 пати, сè додека во 13 обид во 1930 година не добил право на основниот патент. Патем, во 1923 година Армстронг во судот го добил спорот во кој Форест не знаел да објасни зошто аудион тубата осцилира и како, докажувајќи дека не станува збор за идентичен пронајдок.
Во 1947 година се измислени тразисторите, а компанијата Сони во 1954 година го произвела транзисториското радио. Во 1965 на Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк била поставена првата Мастер ФМ Антена, што им дозволило на поединечните станици да зрачат истовремено од еден извор.
Во текот на Студената војна русите оформуваат свој стандард на радио на ултра кратки бранови по познат како OIRT. Главни карактеристики на рускиот стандард се: звукот е монофон и носечката фреквенција е 64-74 MHz. OIRT стандардот и денес се користи во Русија како и сите држави кои беа во сојуз со неа, по распадот на СССР секоја држава полека преминува на FM.
Подоцна се има појавено и FM стерео радио кое овозможува емитување на два аудио канали преку истата фреквенција и кај овој тип на емитување еден FM канал е широк 250 KHz
Во поново време е развиен систем за пренос на текст преку FM радио, таканаречен RDS што значи Радио Дата Сервис. Преку овој сервис радата со приказник можат да читаат текстови кои се праќаат од радио станиците како на името на радиото, контакт телефон, поважни вести, информација за времето па и иминјата на песните кои свират. Друга предност е тоа што ако патувате нема потреба да ги менувате фреквенциите рачно на одредено радио туку вашето радио добива информација од предавателот кој веќе го губи сигналот дека има груг предавател во близина со соодветна фреквенција и менувањето е автоматско.
Во најново време радиото почнува да се дигитализира па така FM радиото ќе биде заменето со DAB (Digital Audio Broadcasting) според основачите DAB нуди подобар квалитет на звук и заштеда на фреквенцискиот опсег. Наместо кај FM кој ги користи фреквенциите од 87,5 до 108 MHz, DAB користи по високи фреквенции и тоа од 175 до 230 MHz. Денес овие фреквенции се користат уште за аналогна телевизија Предноста на DAB е тоа што доколку има минимално потребен сигнал ќе има и одличен звук а кај ФМ со минимален сигнал освен звук ќе има многу шуштење. Предноста околу заштеда на фреквенцискиот опсег се должи на тоа што на едена фреквенција наместо едно FM радио ќе се сместат неколку радиа користејки ја компресијата на дигиталниот звук (MPEG) и пракање во вид на пакети, или пак ако на радиото има говор (вести) тоа радио може да го намали својот bit rate па така што ослободи дел од фреквенцискиот простор.