Болеста беше посилна: Емотивно збогување од водителот Дејан Пантелиќ









Работата на Дејан Пантелиќ беше ставено на втор план поради неговото здравје

Водителот Дејан Пантелиќ го победи ракот и искрено го отвори срцето и раскажа како се почувствувал кога дознал дека е болен од оваа страшна болест.




-Работата го враќа човекот во нормала. Кога разбрав дека сум болен имав помош од психијатар, да ме подготви да се борам за својот живот бидејќи имам мали деца.




Во тој момент размислував како мојот Вукашин не го научива да игра фудбал, а Лана почна во школо, а не ја испратив до школскиот двор. Тоа е многу тешко -искрен е Дејан.




-Исрено, не се сеќавам на моментот кога ми рекоа дека имам рак. Во тој момент човек треба да биде себичен па да мисли само на себе – додава водителот.

Најмногу го погодило кога ќерка му не го познала бидејќи од терапијата ослабел 20 килограми и дека мора да се слика за медиумите да докаже дека е жив.




Водителот Дејан Пантелиќ реши да се повлече од малите екрани. Пантелиќ, кој долго време се бори со рак, на емотивен начин се прости од гледачите на емисијата „150 минути“.




Дејан се повлекува од работа пред камера, но не и од работа зад неа и се уште останува во медиумите.

– Ова е последен пат да ви кажам: ‘Ќе се видиме повторно’. Се повлекувам од оваа водечка позиција, ќе работам некои други работи, исто така и телевизија, нема да се повлечам, далеку од тоа.




Она што е сигурно, ве оставам во сигурни раце. Ќе се обидам да го пренесам моето знаење на помлади, поубави и подобри колеги – рече Пантелиќ.

Да потсетиме, на Дејан Пантелиќ во 2012 година му беше дијагностициран тумор на крајниците, по што следеа долгогодишно лекување, а на почетокот на претходната година му беше извршена апендектомија.

error: Content is protected !!