(ВИДЕО) Инцидент на граничниот премин Деве Баир: Бугари сакаа да се пресметаат со македонската полиција









(ВИДЕО) Инцидент на граничниот премин Деве Баир: Бугари сакаа да се пресметаат со македонската полиција – видеото е на крајот од текстот.




Системот за контрола на Деве Баир не е во функција речиси час и половина и на преминот има застој за влегување во земјава.




Проблемот е за влез во Македонија па затоа дел од бугарските државјани кои утрово сакаат да влезат чекаат во колона.




Повеќе Бугарски граѓани покажаа револт, при што тргнаа и да се пресметуваат со македонската полиција, кои им објаснуваа дека има проблем со системот кој не работи.




Дел од Бугарите тргнаа и сакаа физички да се пресметаат, но остана на вербални разговори.




Ситуацијата е крајно тензична.

На терен има околу 50 Бугарски граѓани кои сакаат да влезат во Македонија.

error: Content is protected !!