Бугарите покажаа дека сакаат немири: ПОВРЕДЕНИ се двајца македонски полицајци – ова се деталите









Најмалку двајца полицајци се здобиле со тешки телесни повреди откако група на Бугарски државјани насилно се обиделе да го преминат граничниот премин со Р.Македонија на „Деве Баир“.




Инцидентот настанал откако царинарник се обидел да претресе возило кое од Бугарија се обидело да влезе на територија на Р.Македонија. Откако цариникот започнал со постапката, шест лица се нафрлиле врз цариникот и двајца полициски службеници на кои им нанеле тешки телесни повреди.




Двајцата полициски службеници се префрлени на лекување во болницата во Крива Паланка, а најмалку тројца бугарски државјани се приведени.




„Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти Министерството.




Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“.




Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.

error: Content is protected !!