Пратеник од СДСМ распали: Напад на наш полицаец е напад на државата –
Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале.
Потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.
Тоа го искоментира и пратеник од владејачката структура, кој воопшто не штедеше зборови:
-Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата??
Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа‼️
Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност ‼️
И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале
Фејсбук статус на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.