Откако денеска неколку часа провоцираа, па ги нападнаа македонските полицајци и се обидуваат да се прикажат како жртви, Бугарите продолжуваат да провоцираат, но и да се закануваат.
Виктор Стојанов на Фејсбук дава награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците кои денеска ги приведоа напаѓачите на граничниот премин Деве Баир.
Набрзо на оваа објава се појавија многу коментари од Македонци, кои се почувствуваа испровоцирано и одговорија во свој стил.
-И на нас да ни кажеш, да знаеме кого да частиме
-И јас сакам да го дознам името и презимето на полицаецот. Ќе му дадам награда од 200 евра за тоа што го направи
-Тоа е наш херој. Покажа како се брани државата, секоја чест.
Вакви и слични коментари има над 100.