ТАЖНА ВЕСТ: Почина македонскиот амбасадор во Германија









Почина Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година.




Тој претходно беше амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работеше како кариерен дипломат.




Веста за неговата смрт ја објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.




-Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството. Нека почива во мир!, напиша Османи.





Амбасадорот е дипломат од највисок ранг кој ја претставува неговата земја. Тие обично се акредитирани во странски независни држави или влади или во меѓународна организација, да служат како официјални претставници за нивната земја.

Државите понекогаш поставуваат многу почитувани личности како Специјални емисари на кои им се доделени специфични одговорности и тие работат за да ја советуваат и да ú помагаат на нивната влада во одредена област.

Во секојдневната употреба се однесува на претставниците на владата од највисок ранг коишто се сместени во главен град во странство. Земјата – домаќин својствено му дозволува на Амбасадорот контрола врз одредена територија наречена амбасада, на чијашто територија, персонал па дури и возилата најчесто им е овозможен дипломатски имунитет во земјата – домаќин.

Високите дипломатски службеници помеѓу членовите на Комонвелтот на нации се познати како Високи Комесари, кои се шефови на Високиот Комесаријат. Претставниците на Светата Столица се познати како Папски или Апостолски Нунције (пратеник на Папата). Локалните координатори на системот на ОН се ополномоштени од шефот на државата и тие го имаат истиот ранг.

Од историска гледна точка службениците кои ја претставувале нивната држава во странство биле наречени министри, но овој термин исто така се однесувал на дипломати од втор ранг. Конгресот на Виена од 1815 г. го конкретизирал системот за дипломатскиот ранг според меѓународното право:

Амбасадори се министри од највисок ранг со ополномоштена власт да ги претставуваат нивните шефови на државите. Во модерната употреба, повеќето Амбасадори во странските назначувања како Амбасадори го носат целосниот назив Вонреден и ополномоштен Амбасадор. „Обичните“ Амбасадори и неополномоштениот статус ретко се употребуваат, иако може да се сретнат во одредени околности.

Специјален емисар е дипломат од највисок ранг и министер кој е ополномоштен да ја претставува својата држава. Но за разлика од локалниот Амбасадор (кој обично е ограничен на една држава ) и/или амбасада, специјалниот емисар е задолжен да раководи со неколку обично соседни земји, региони или понекогаш со соседите на меѓународни организаци како што се Обединетите Нации/ Европската Унија. Во некои случаи на специјалниот емисар може специјално да му биде доделена функција да ја советува и да ú помага на државата или владата за одредени прашања. Од историска гледна точка, Претседателот или Премиерот назначувале специјални дипломатски претставници како специјален емисар за посебни задачи, главно во странство но понекогаш и во границите на државата.

Помеѓу Европските власти, Вонредниот и ополномоштениот Амбасадор (на француски – ambassadeur extraordinaire et plenipotentiaire или на германски – auβerordentlicher und bevollmächtigter Botschafter) од историска гледна точка се сметал за личен претставник на независна држава и обичајот упорно настојувал повеќе Амбасадорите да се испраќаат до шефот на државата отколку до владата на пр., Амбасадори во и од Велика Британија се именувани од Кралскиот Суд на Св. Џејмс (Royal Court St. James – се мисли на палатата Св. Џејмс).

Бидејќи 17 членки на Комонвелтот на нациите имаат или имале заеднички шеф на државата, тие не разменуваат Амбасадори туку наместо тоа имаат Високи Комесари кои повеќе ја претставуваат владата отколку шефот на државата. Во дипломатска употреба, Високиот Комесар го има еднаквиот ранг и функција со Амбасадорот.

После Амбасадорот се ранговите – Дипломатски претставник, Министер резидент (којшто живее таму каде што работи) и ”Вршител на должност”. Тие ја претставуваат нивната влада повеќе отколку нивните шефови на државите. За дополнителни детали види дипломатски ранг.

Додека со титулата најчесто се изразува втората главна функција на Амбасадорот како шеф на дипломатска делегација, во некои држави терминот исто така може да претставува ранг застапуван од дипломати посветени на кариерата, за работа од внатрешно промовирање, без разлика на именувањето на дипломатот и во многу национални кариери доста вообичаено за нив е да бидат назначени за други функции, особено во министерството/министерствата задолжени за надворешни работи, во некои држави за систематска наизменична промена со актуелните именувања на дипломати.

Официјалната форма на обраќање на Амбасадор најчесто е формата што се употребува за обраќање на шефот на државата : „(Ваша/Негова/Нејзина) Ексцеленција“ следена со име и/или државата која се претставува. Во многу земји, често се употребуваат помалку формални варијанти, како што се „Амбасадор“ следена со име, или името следено со „Амбасадор на…“. Во САД, „Г-дин Амбасадор може да се употреби.

Во некои земји, поранешен Амбасадор може да биде нарекуван и да му се обраќаат со Амбасадор за време на неговиот/нејзиниот живот (во САД, „Г-дин Амбасадор“ или може да се чујат еднакви термини за жени). Во други земји, Амбасадор е титула која му се додава на личноста само со почит кон одредена функција, и не може да се употребува по заминувањето од функцијата. Некои земји не го користат терминот додека Амбасадорот е во земјата на потекло, бидејќи личноста не е Амбасадор таму; на пр. канадскиот амбасадор додека е во Канада најчесто не му се обраќаат со Амбасадор, иако може да се смета како „Канадски Амбасадор во …“, тоа е во врска со одредена работна функција; на нив никогаш не им се обраќаат или ги нарекуваат Амбасадори после заминувањето од функцијата или пензионирањето.

Дипломатската делегација е група луѓе од една држава или меѓународна, меѓувладина организација (како што е Обединетите Нации) кои се наоѓаат во друга држава да ја претставуваат земјата/организацијата домаќин во земјата што ѓи прима. Во пракса дипломатската делегација обично ја означува постојаната мисија, имено функцијата на дипломатските претставници на државата во глaвниот град на друга држава.

Постојаната дипломатска делегација е позната како канцеларија а личноста која е одговорна за мисијата е позната како амбасадор. Живеалиштето на амбасадорот најчесто се вика амбасада. Некои амбасадори живеат надвор од канцеларијата. На пр. Американскиот амбасадор во Русија живее во куќа позната како куќата Спасо (Spaso House) надвор од канцеларијата. Мисиите помеѓу Комонвелт државите се познати како Висок Комесаријат а нивните шефови се Високи Комесари. Ова е поради фактот што амбасадорот е претставник кој шефот на државата го испраќа кај друг шеф на држава со акредитивно писмо и бидејќи Комонвелт кралствата го делат истиот шеф на државата (Британскиот Монарх), ќе биде чудно за Британскиот Монарх да именува луѓе во неа.

Сите мисии во Обиденетите Нации се познати како Постојани Мисии, додека мисиите во Европската Унија се познати како „Постојани претставувања“ и шефот на таква мисија е и постојан претставник и амбасадор. Мисиите на ЕУ во странство се познати како „делегации“. Некои држави имаат поспецифично именување за нивните мисии и персонал: делегацијата во Ватикан е водена од Нунције (Nuncio) и според тоа познат како Папска Нунцијатура, додека делегациите во Либија долго време биле познати како Биро за луѓето а шеф на делегацијата бил Секретарот.

Во минатото дипломатска делегација водена од функционер од понизок ранг (дипломатски претставник или министер гостин) била позната како дипломатско претставништво. Бидејќи, ранговите на дипломатски претсавник и министер гостин се надвор од употреба,ќозначувањето за дипломатско претставништво денес повеќе не се употребува.

error: Content is protected !!