Краси од Бугарија на гости во Делчево: Како Гоце е Бугарин, кога кај нас никој не се вика Гоце – ова е масло на политичарите









Краси од Бугарија на гости во Делчево: Како Гоце е Бугарин, кога кај нас никој не се вика Гоце

Деновиве доста актуелно е раѓањето на Гоце Делчев, како и оддавањето на чест на големиот великан. Групација од соседна Бугарија сакаше да направи и инцидент, но тоа не им успеа, беа запрени уште на границата Деве Баир.




Четврти февруари во главно помина мирно, без никакви тензии, особено во Скопје, каде се течеше во најнормален ред. Се заврши како што требаше да биде.

И додека двата народи преку социјалните мрежи се напаѓаат едни со други, оние од градовите од двете држави близу границата, често патуваат од една во друга држава и имаат свои пријатели од другата земја.




Таков е примерот со Краси К., кој е познат на нашата редакција. Тој овој викенд е во Делчево заедно со својата фамилија. Во разговор ни откри како размислува неговата земја, но и граѓаните на Бугарија на темата за Гоце Делчев.

-Не ми е јасно зошто Бугарија сега толку го сака Гоце Делчев. Па пред 10-15 години, тоа воопшто не беше тема кај нас. Веројатно е дека се работи за некоја политика. Во Бугарија нема човек што се вика Гоце, како може тогаш Гоце Делчев да биде Бугарин?,- вели нашиот соговорник.




На него најмногу му е жал за она што се случува во изминатите две години. Од два народи кои немаат ништо лошо еден кон друг, до луѓе кои сакаат да си ја испијат крвта едни на други.




-Да се разбереме и да бидеме на чисто. На социјалните мрежи особено има голема омрза помеѓу двата народи, а неа ја шират мал број луѓе. Другите молчат, затоа што не сакаат да спаднат на ниско ниво. Па јас често доаѓам во Делчево, овде минуваме викенд со моето семејство, секогаш сме пречекани прекрасно, навечер во кафеаните играме на македонски песни и никому ништо. Имам многу пријатели овде, а често и тие доаѓаат во Бугарија,- додава Краси.

Она што го боли е начинот на кој го гледаат во последен период во Македонија.




-Да, зборуваме бугарски, како што во Делчево сите зборуваат македонски. И сега кога некој слушне дека сме од Бугарија, веднаш го менува погледот кон нас, а сето тоа е од онаа грозна политика што ја водат дел од политичарите. Го замразуваат народот едни кон други, наместо да гледаме кој е човек а кој не, ние треба да гледаме кој е Бугарин, а кој Македонец, многу ми е криво што тоа е така,- вели тој.




Како за крај се надева дека нешто брзо ќе се промени и се ќе биде како порано.

-Нека заврши веќе овој политички циркуз. Политиката нека ја водат политичарите. Ние граѓаните сакаме да живееме едни со други. Не првете омраза, има и многу бракови помеѓу Македонци и Бугари, зарем треба тие луѓе да се чувствуваат лошо. Сакам ова да помине и се да биде како порано, завршува тој.

error: Content is protected !!