Се огласи со свој СТАВ и ВМРО-Народна партија: Кажаа дали треба да се АМНЕСТИРААТ осудените од 27 април









ВМРО-НП била формирана на 4 јули 2004 година во Скопје, од приврзаниците на Љубчо Георгиевски, кој се отцепил од ВМРО ДПМНЕ по неуспешниот обид да го преземе раководството на партијата од Никола Груевски.




При формирањето на ВМРО-НП за вршител на должноста претседател на партијата била избрана Весна Јаневска, додека Љубчо Георгиевски се сметал за неформален водач на партијата. На Првиот конгрес на ВМРО-НП, одржан на 22 април 2007 година, за претседател на партијата бил избран Ѓорѓи Трендафилов.




На парламентарните избори во 2006 година ВМРО-НП настапила самостојно, освојувајќи 6,1% од гласовите и 6 мандати во Македонското собрание. ВМРО-НП не станала дел од владината коалиција, но гласала за владата на Никола Груевски, со цел да го спречи влегувањето на Демократската унија за интеграција во владата.




ВМРО-Народна партија упатува поддршка за предлог – законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.




И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија, соопшти партијата.

error: Content is protected !!