Вандализмот бил пријавен во 21 часот и 40 минути. ФОТОГРАФИИТЕ ги има на крајот од текстот.
Вечерва беше скршено стаклото на Македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот бил пријавен во 21:40 часот во локалната полициска станица.
При патрола, органите на прогонот виделе дека е скршено стаклото на македонскиот клуб на улицата „Димитар Димов“ во градот. Четири камења се пронајдени напред.
Од она што може да се види од фотографиите рано утринава, на лице место има повеќе камења, при што може да се каже дека кон клубот имало вистинска канонада.
Среќа е што во тој момент внатре немало никој, при што нема повредени, а причинета е само материјална штета.
До рано утринава, се уште во клубот нема никого, а се очекува наскоро да се појави и полиција, кој треба да направи увид на лице место.
ФОТО од лице место: Погледнете како е искршен македонскиот клуб во Благоевград
