ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се преврте автобус, најмалку осум лица загинаа – многумина се повредени, страотна вест ја потресе Турција









ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се преврте автобус, најмалку осум лица загинаа – многумина се повредени, страотна вест ја потресе Турција




Осум лица загинаа, а 35 се повредени во автобуска несреќа во Турција, јави турската телевизија ТРТ.




Автобусот кој сообраќал од Дијарбакир кон Бодрум излетал од патот и се превртел во реонот на градот Динар. На местото на настанот веднаш биле испратени спасувачки екипи.




Во автобусот имало вкупно 43 лица.




Состојбата на четворица од ранетите се оценува како сериозна, јавија турските медиуми, повикувајќи се на локални претставници, пренесоа ТАСС и БТА.

error: Content is protected !!