Сега веќе нема назад: Утре Алијанса на Албанците влегува во Влада – ЕВЕ кои места ги добија









Преговорите за влез на Aлијанса во Владата се во завршна фаза.. Ресорите Правда и Здравство според извори од партијата на Таравари веќе се договорени..




СДСМ и Алијанса за Албанците ги привршуваат преговорите за проширување на владината коалиција, денеска работните групи се во интензивни разговори по кои веројатно ќе се знае точно кои функции ќе ги добие партијата на Таравари.




Официјалниот договор меѓу Ковачевски и Таравари се очекува тие лично да го соопштат по финалната средба која се уште не е закажана, но извори од Aлијанса за Kанал 5 тврдат дека е веќе договорено со министерствата за здравство и правда да раководат кадри на Алијанса, ресори кои во моментов се во рацете на Алтернатива и СДСМ.




Од партијата на Гаши не сакаат да коментираат за ресорите и отстапките се додека не се утврди конкретниот договор на Aлијанса и СДСМ. Велат доколку тоа наштети на нивниот коалициски договор, тогаш за идните чекори ќе одлучуваат партиските органи.




Од Алијанса тврдат дека се уште нема договор кое е третото министерско место кое ќе го добијат, а треба да го отстапи ДУИ, бидејќи зависи од ротациите и внатрешните математики на Ковачевски и Ахмети.




Најавија дека особено инсистираат да добијат и раководни позиции во важни институции и органи за спроведување на нивната програма за борба против криминалот и корупцијата, што значи да се застапени во Управата за јавни приходи, Царина, Финансиска полиција, МВР, но и во повеќе инспекторати..




Засега тврдат дека за конкретни имиња договор нема, иако подолг период се шпекулира дека за ресорот здравство неколку доктори се во игра, а за правда ќе го предложат генералниот секретар на партијата и член на ДИК, Кренар Лога.




Токму Лога е во преговарачкиот тим на Таравари, заедно со потпретседателот на Алијанса Елми Азири, а во работната група на СДСМ се генералниот секретар Миле Зечевиќ, членот на ИО Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на партијата, Јован Митрески.

error: Content is protected !!