Претешка ноќ и целосен колапс, 25.000 луѓе БЕЗ СТРУЈА, 250 километри патишта покриени со снег, ѓубре кај нашиот сосед Србија









Патиштата беа затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија останаа без струја поради бурните ветрови и снежното невреме во неделата, додека во Црна Гора сообраќајот беше во прекин поради дрвјата кои паднаа на патиштата.




Повеќе од 250 километри локални патишта во ридскиот југоисточен дел на Србија беа затворени поради снежните врнежи, чија висина беше и до два метри, јавија локалните медиуми.




Властите во црногорскиот приморски град Будва ги предупредија граѓаните да останат внатре, откако силните ветрови уништија покрив на училиште, урнаа дрвја и улични светилки, потонаа туристички брод и го прекинаа сообраќајот долж брегот во саботата.




Од синоќа непрооден е и патот Мочиоци – Јасеново кој ја поврзува Ивањица со Нова Варош. Во текот на денот на таа делница се испраќа утоварувач за да се подготви патот, додека на Одвраченица се уште не е започнато чистење бидејќи се уште дува силниот ветер и не може да се справи со огромните наноси од снег.




По тринаесетчасовен прекин на сообраќајот, предизвикан од бурен ветер и снежна бура на делницата од Бржиќ до Копаоник, состојбата денеска во утринските часови се нормализира.




Промената на гостите во туристичкиот центар на Копаоник помина без проблем, а 2.500 луѓе скијаа по седум падини.

Поради ветерот повеќето инсталации не работеа, како и гондолата од Брзеќ.

error: Content is protected !!