Македонија испраќа помош во БРАТСКА Турција: Познато е како првично ќе помогнеме – еве кој заминува таму









Од ТППЕ Струмица осум пожарникари ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција. Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Северна Македонија.




Ова го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека спасувачите ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.




-Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.




Тој додава дека таквите катастрофи само укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејзините законитости.




-Но, во исто време, таквите случувања даваат до знаење колку треба да бидеме хумани и одговорни пред големите предизвици, да бидеме луѓе за луѓето, посочува струмичкиот градоначалник.




Костадинов на сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изрази најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби.

error: Content is protected !!