Македонецот кој е посериозно повреден во Турција е ОПЕРИРАН – ова се најновите детали за неговото здравје









По стравичниот земјотрес на југоистокот на Турција, што се случи рано утрово, на лице место се упатил дипломат од нашата амбасада во Анкара, а биле ангажирани и од генералниот конзулат во Истанбул.




Така е дојдено до бројката од девет наши државјани- наставник и 8 ученици кои заминале преку програмата „Еразмус плус“, а биле на локациите зафатени од природната катастрофа. Биле комуницирани и нивните семејства, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.




„Двајца се повредени , едниот со потешки повреди , на кој што е направена хирушка интервенција. Веќе верувам дека во меѓувреме се пристигнати нашите допломати таму и ќе имаме поточни информации со кои ќе реферирам на Влада“, изјави министерот за надоворешни работи, Бујар Османи.




Ученикот на кого му била извршена хирушка интервенција е подготвен за патување и заедно со групата ќе биде упатен назад кон Македонија, штом дипломатот од амбасадата во Анкара пристигне на лице место.




На попладневната вонредна средница на владата, од МНР ќе реферираат околу информациите што ги добиваат од терен и ќе се предложи директна помош за Република Турција и координација за таа помош, дополни Османи.

error: Content is protected !!