Кога пожарникарите стигнале во Црквата на слободните проповедници во Градвју во Западна Вирџинија, останале вџашени од она што го виделе.
Големиот пожар, кој бил толку интензивен што пожарникарите во еден момент се повлекле, ја опустошил зградата, соопшти противпожарната единица на Фејсбук.
Додека минувале низ запалените простории, забележале нешто единствено.
„Во умот очекувате тотално уништување, се претворено во пепел.
Ниту една Библија не е запалена и ниту еден крст не е оштетен!“, се наведува во објавата.
Постот, кој стана вирален, содржи впечатливи фотографии од десетина недопрени Библии опкружени со урнатини.
Црква:
Црква — заедница од луѓе кои исповедаат (веруваат во) ист Бог. Поимот се употребува и за објект за јавна религиозна служба во христијанството.
Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил воспоставен од Исус од Назарет. Во тоа време терминот Црква, еквивалентно означувал владин/политички термин, или, собрание, собир за јавни потреби. Тоа е старогрчкиот збор „екклесиа – ἐκκλησία“ (латински: ecclessia) кој е составен од предлошката „ек – ἐκ (пред самогласка се пишува како ех – ἐξ)“ и глаголот „калео – καλέω“. Предлошката „ек – ἐκ“ има двослојно значење („од“ и „кон“) па затоа е ориентирана кон исходот, а глаголот „калео – καλέω“ значи „да повикаш“.[1][2] Во буквален превод „екклесиа – ἐκκλησία“ значи „собир на повиканите“ – луѓе повикани од светот кон Бога, а исходот на тоа е Црквата.[3] Подоцна во Стара Грција терминот се користи за да се изрази тело кое расправа и разрешува проблеми кои генерално го засегаат oпштеството.
Првите христијани, исто како и Исус, биле Евреи кои живееле во Израел и кои се молеле во Храмот во Ерусалим и околните Синагоги. Обожувањето во Храмовите било проследено со принесување на жртви од животни, како искупување на гревовите. Во Новиот завет многупати се споменува дека Исус бил чест посетител на храмовите.
Раната историја на синагогите е контраверзна но се претпоставува дека била институција која се развила за потребите на јавно обожување на Евреите додека биле под окупација на Вавилон, и немале пристап до храмовите. Наместо тоа се развила церемонија во која се читала Тората на дневни и неделни служби, проследени со коментари од свештениците. Ова се случувало во домовите доколку групите биле мали. Во други случаи се граделе посебни градби за оваа цел. Некогаш со надоградување на куќите или пренамена на згради кои биле од јавен интерес. Во најголемиот број, тоа биле простории со подиум на кој се говорело, додека луѓето седеле наоколу и слушале.
И самиот Исус присуствувал на вакви заседание, каде што читал и давал коментари, како што е опишано во Посланието по Лука 4: 16-24. По уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 година од нашата ера, Христијанското движење и Евреите се разделиле. Црквата како институција зела голем замав во вториот век.
Црквата претставува градба/објект со намена за обавување на христијански верски обреди. Црквата се состои од три дела:
припрата (нартекс), каде се палат свеќи
наос, средишен дел
олтар.
Во внатрешноста на црквата се наоѓаат икони и фрески на кои се насликани светци.
Потребата од црквите произлегла од редовните средби на христијаните, на почетокот во приватни куќи а подоцна како што се зголемувала заедницата, се јавила потреба за поголем простор наменет за богослужба. Голем замав градењето на цркви земало за време на царот Константин I.
I век
Првите христијани биле жители на Палестина и нивните богослужби се одвивале во приватните куќи и синагогите. После првата еврејска војна почнало да се престанува со богослужење во синагогите.
II. и III век
Во сирискиот град Дура-Европос на западниот брег на Еуфрат на римската граница, при опсадата на градот од страна на Партите во 257. година уништен е градот, но била сочувана црква и синагога кои биле украсени со фрески. И двата објекта биле пренаменети од приватни куќи во верски објекти.
Златен век
Со миланскиот едикт и поддршката која ја давал царот Константин I дошло до голем градителски замав на градење на цркви. Црковната архитектура од тоа време била пример како треба да изгледа една црква во следните векови. Тука спаѓаат базиликата Св. Петар и базиликата Св. Павле.
Источен тип
Источниот тип на црковна архитектура се заснова на впишан крст со купола во средината. Својот почеток го има во изградбата на храмот Аја Софија во Цариград. Овој тип на црковна архитектура има влијание сè до денешен ден во источните цркви.
Среден век
Во Западна Европа во средниот век се формирале два архитектонски стила на цркви. Романскиот стил, со прост полукружен лак, изгледот на црквата е едноставен а зидните површини не се посебно украсени. Вториот стил е готскиот стил, каде се употребува прекршен лак како основен елемент во градбата, карактеристичен за катедралите, изгледот на црквите е прекрасен. За готскиот стил се карактеристични насликаните ѕидови и големите стаклени површини исполнети со витражи.
Нов век
После готскиот стил, се открива вредноста на мирните и урамнотежени ренесансни форми. Во баркното време се појавуваат најкреативни решенија како во просторното обликување така и во декорацијата на ѕидовите.
XIX и XX век
Во овој период црквата тежи да го задржи своето влијание покрај другото и со изградба на големи објекти, при што се користат модерни конструкции за градба и методи како што се армирано бетонски конструкции, електроакустика и климатизација.
Православни цркви
Православната архитектура има литургично значење. За сите православни храмови, заедничка е идејата дека „храм е место на кое со учество во светата литургија влегуваме во заедница со царството Божје“. Православните храмови обично се составени од три дела: припрат или предворје (нартекс), среден дел на храмот – брод (наос) и олтар. Сите три дела често се украсени со фрески и икони, а многу од нив се со извонредна уметничка вредност.
Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. На источната страна од храмот се наоѓа олтарот (кај католичките цркви олтарот е на западната страна). Се смета дека олтарот е најсветиот дел на црквата. Во олтарот се наоѓаат: трпеза – престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница – потребна за свето крстење, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува се што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одела за служба …
Црквите како тема во уметноста и во популарната култура