(ВИДЕО) Камен ќе заплаче на ова видео: Мало девојче во прегратка го држи својот брат меѓу урнатините во Сирија

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија денеска надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународната помош, а спасувачите по многу студено време со сите сили се обидуваат да извлечат преживеани од под урнатините.




Уништена е голема област што им отежнува на спасувачките тимови да стигнат до уништените градови и населени места, а поради студот се стравува колку долго луѓето ќе можат да преживеат под урнатините.




Турската агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека вкупниот број на загинати во земјата надмина 4.500, а околу 26.000 се повредени. Бројот на загинати во областите под контрола на владата во Сирија се искачи на повеќе од 800, додека најмалку 900 се пријавени во областите под контрола на бунтовниците, според „Бели шлемови“, организација која ги води спасувачките операции.




Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано вчера ги погоди Турција и Сирија, проследен со серија последователни потреси и уште еден голем земјотрес со јачина од 7,5 степени, остави стотици километри уништени области во југоисточна Турција и соседна Сирија. Земјотресот урна илјадници згради, носејќи нови страдања во регионот во кој веќе 12 години се води граѓанска војна во Сирија и е погоден од бегалската криза.




На социјалните мрежи не престануваат да се шират емотивни снимки и фотографии од хоророт што им се случи на илјадници луѓе по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.




На една од таквите снимки, во сирискиот град Алепо, може да се види 9 годишно девојче меѓу урнатини како во прегратка го држи својот помал брат во обид да го заштити.

Спасувачите се обидуваат да го охрабрат девојчето, кое тивко им одговара на нивните прашања.

error: Content is protected !!