(ВИДЕО) Храброст или лудост: Дрвокрадци од Штип сами ја повикуваат полицијата – потоа бегаат









(ВИДЕО) Храброст или лудост: Дрвокрадци од Штип сами ја повикуваат полицијата – потоа бегаат




Храброст или лудост, тоа е главното прашање се поставува, по најновите видеа кои се појавија на социјалните мрежи, а се поврзани со кражби.




Како што се објавува во видеото кое ќе го погледнете на крајот од текстот, дрвокрадци од Штип, откако ја наполниле колата со дрва, сами повикале полиција.




Во истиот момент кога полицијата пристигнува на лице место, автомобилот полн со дрвја започнува да се движи и да бега од полицијата, додека полициските службеници го бркаат.




За сето ова да биде лудо до крај, близок пријател на дрвокрадците го снима целиот тој процес, а потоа истиот го објавуваат на социјалните мрежи.




Видеото е апсолутен хит на социјалната мрежа Тик ток, каде коментарите се најразлични.

error: Content is protected !!