Не е на арно работава: Започна да се тресе и Балканот – 3емјотрес во соседна Бугарија, ова се деталите
Спасувачките екипи денеска ја продолжуваат потрагата по преживеани од силниот земјотрес што во раните утрински часови на 6 февруари ги погоди источна Турција и Сирија.
Официјални лица велат дека бројот на загинати во двете земји е повеќе од 8.300 луѓе. Спасувачките напори се отежнати од ниските температури и стотиците последователни потреси, кои ја направија работата во нестабилните структури особено опасни.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се очекува денеска да ја посети зоната на катастрофата. „Ова е една од најголемите катастрофи на нашиот регион и светот, не само во историјата на нашата република“, рече тој.
Во Сирија, спасувачката работа е комплицирана поради здравствениот систем и инфраструктурата уништена од 12-годишната граѓанска војна Десетици земји од целиот свет обезбедуваат итна хуманитарна помош, вклучувајќи тимови за пребарување и помош. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека тимови од 35 земји веќе се на терен. Европската унија обезбеди повеќе од 1.200 спасувачи, вклучувајќи два медицински тима и над 70 кучиња спасувачи.
Земјотреси продолжува да има и во други земји, а утринава е регистриран и во Бугарија.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар при НИГГГ-БАС, земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтер е регистриран синоќа во подрачјето на градот Садово, Пловдивско во Бугарија, соопшти Геофизичкиот институт на БАН.
Земјотресот се случил во 00:54 часот по бугарско време бил со епицентар на 140 километри од Софија и засега нема информации за материјална штета или повредени лица.