Цела Македонија во очекување: Проверете ги вашите сметки – сите би требало да имате или да добиете прилив, започна исплатата на Мој ДДВ









Цела Македонија во очекување: Проверете ги вашите сметки – сите би требало да имате или да добиете прилив, започна исплатата на Мој ДДВ




Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.




Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.




Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите.

Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие“ изјави премиерот Ковачевски.




Средствата од повратот на ДДВ преку проектот Мој ДДВ за последниот квартал од 2022 година почнаа да легнуваат на сметките на граѓаните кои скенираат сметки.




Државата од оваа година ќе враќа и до 2.100 денари за секој граѓанин кој скенира фискални, со оглед што е најавено зголемување на сумата од 1800 до 2100 денари за еден квартал.

error: Content is protected !!