Денес, сабота, голема драма се случувала во Скопје, во близина на зграда на булеварот „Партизански одреди“.
Како што пренесува порталот „А1он“, настанот бил потврден од полицијата.
Порталот наведува дека маж на 80-годишна возраст, според очевидци сакал да скокне од терасата на својот стан, кој би на петти кат од зградата.
Соседите кога ја забележале самата ситуација, веднаш повикале полиција, кои пристигнале за краток период на самата локација.
Од очевидци на настанот, за „А1он“ потврдиле дека МВР одиграле тактички добро, се поделиле во две групи, при што едните од приземје разговарале со старецот, а другите тргнале кон станот.
Групата која влегла во станот, неприметно успеала да го запре старецот и не дозволиле да скокне, по што веднаш е повикана Брза помош, а возрасниот маж е префрлен во болница.
Овој настан од полицијата беше потврден за „А1он“.
Приведен крадец во Скопје
Полициски службеници од ПС Бит Пазар денеска на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.Б. (55) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба по чл.236 од Кривичниот законик на РСМ, сторено на 15.07.2022, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извршен е службен разговор и приведениот во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.
Одземеното е вратено на оштетениот, а против И.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информираат од МВР.
Косовски државјанин на скопскиот аеродром приложил туѓ албански пасош
Вчера во 12,30 часот на граничниот премин на Meѓународениот аеродром Скопје од полициски службеници е приведен М.С.(39) од Р.Косово затоа што на пасошка контрола приложил патна исправа на име М.Р.(32) од Р.Албанија.
Било констатирано дека истиот се служи со туѓа патна исправа, а при извршениот преглед кај него била пронајдена неговата косовска патна исправа.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција за понатамошна постапка.
Изречени 157 сообраќајни прекршоци во Скопје
Полицијата регистрирала 157 сообраќајни прекршоци вчера на територија на град Скопје, меѓу кои 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаци, 16 за возење без возачка дозвола, а 13 за пречекорување на дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Гореше возило во Ченто
Опожарен автомобил во скопската населба Ченто, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, рано утрово во 02.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„19“во нас.Ченто-Скопје, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, сопственост на И.Б.(40) од Скопје.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопјанка погодена од воздушна пушка додека одела по улица
Жена од Скопје била повредена од воздушна пушка вчеравечер, додека одела по улица во населбата „Пролет“, соопшти полицијата.
Според МВР, синоќа во 22:49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје.
Според А.М.М., таа била погодена додека се движела пеш по улицата Стале Попов” кон улицата Пролет”.
Претходно, пред неколку дена, околу 17:30 часот на работното место како обезбедување во приватна фирма на територија на населбата Пинтија, пријавил дека почувствувал болка во ногата, по што бил пренесен во болница.
Од полицијата велат дека бил извршен увид и дека се работи на расчистување на случајот.
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје.
Според информациите, сообраќајката се случила меѓу четири возила, од кои едно полициско.
Во несреќата, повредени се М.А. и Ј.Ц. кои биле хоспитализирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која е времено суспендирана, за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Русковска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ.
„Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат“,изјави Русковска за „360 степени“.
Од важните предмети, предистрагата за финансиската полиција ќе ја преземе Лиле Стефанова, а за техничкиот предмет „Виа комерц“ во кој беше регистриран автобусот на „Беса транс“ обвинителката Коларевиќ.
Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско
Во атарот на пехчевското село Негрево, вчера во 11:30 часот, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис.
„Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона
Службеници на тетовската полиција од денеска почнаа со одржување средби со претставници на ловечките друштва од полошкиот регион околу потребата од доследно почитување на законските одредби поврзани со ловот на дивечот.
-Секторот за внатрешни работи Тетово почна со првата од десетината планирани средби со ловечките друштва од поширокиот Полошки регион. Полициски службеници на Отсекот за превенција го посетија Ловечкото друштво „Шар Планина“ во Тетово и разговараа со неговите претставници околу новата ловечка сезона, која порано од вообичаено започна на први овој месец. Во разговорите посебно им беше укажано на потребата членовите на ова Друштво целосно да ги почитуваат одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, а кои посебно се однесуваат на начинот на ловење, ракување и чување на ловечкото оружје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според него, претставниците на „Шар Планина“, пак, како приоритетен проблем за решавање пред полициските службеници на СВР Тетово го посочиле излегувањето на лов на поединци без соодветна ловечка дозвола или со наследено оружје од нивни најблиски без да поседуваат дозвола.
-На средбата, исто така, станало збор и за конкретните законски импликации доколку во наредниот период не се почитува важечката регулатива од 350-те членови на ова Друштво, на петте ловишта во негова надлежност, истакна портпаролот.
Вакви средби до средината на месецот ќе се одржат и со другите друштва на тетовско-гостиварското подрачје.