Живее во Шведска – уапсен во Македонија, се огласија од полицијата













Веста продолжува веднаш по платените реклами:








На 31.08.2022 во 12.16 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.Е.М.Ј.(30) од Шведска затоа што по извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција констатирано е дека возилото „бмв х5″ со шведска национална ознака, кое го управувал, евидира како украдено во база на податоци на Интерпол, инфромираа од МВР.




Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.




Повеќе од дневен билтен:

Извадок на дел дневните настани 01.09.2022

На 31.08.2022 во 21.35 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.

На 31.08.2022 во 12.50 часот на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.П.(42) од Скопје. Тој бил барал со централна потреница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“ казниво по член 377 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 31.08.2022 во 19.45 и 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за внатрешни работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.Ж.(19) и Ф.Г.А.(27), двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени 15 брендирани очила и други предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ која ја извршиле во оптика во трговски центар на подрачје на Аеродром на 20/21.08.2022. Исто така, при претресот кај Ф.Г.А. биле пронајдени и 64 пакувања со прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.09.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Е.(61) од Велес. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден рачно изработен пиштол со две цевки и 16 куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2022 околу 19.30 часот во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот М.А. од ова село затоа што два дена пред тоа противпоравно одзел електричен тротинет на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на 42-годишен тетовец. Тротинетот му бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против М.А. ќе следува соодветен поднесок.

На 01.09.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 01.50 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.З.(35) од Штип. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.08.2022 во 12.16 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.Е.М.Ј.(30) од Шведска затоа што по извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција констатирано е дека возилото „бмв х5″ со шведска национална ознака, кое го управувал, евидира како украдено во база на податоци на Интерпол. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 31.08.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен М.В.(28) од село Радичево, струмичко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул.„Мајка Тереза“ во Струмица. Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и трудов инспектор. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон…

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 37 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 31.08.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„12-та Македонска Бригада“ и ул.„Илија Димовски-Гоче“ во Скопје, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т.(50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 31.08.2022 во 16.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Радовиш кон с.Лакавица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(40) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Свети Николе и товарно моторно возило „фиат дукато“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(53). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел“ Д.Н.(20) од Штип и Д.Ј. констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 31.08.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосница со кружен тек кај хотел во Кочани, Д.Е. (32) од Штип управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 31.08.2022 во 08.10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на „Владимирска крстосница“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(62) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 31.08.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.А.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

На 31.08.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, С.А.Т.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.

На 31.08.2022 во 08.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.К.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

Денеска (01.09.2022) околу 12.00 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Отсекот за потраги – Оделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.З.(53) од од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение криминалистички работи Гази Баба во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, вчера (31.08.) околу 14,00 часот на обиколница Скопје, во близина на клучка за Приштина, од слобода ги лишиле лицата А.М.(50) од с.Бојане-скопско и И.З.(46) од с.Копаница-скопско, а поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Имено, истиот ден околу 09 часот, 55-годишно лице пријавило во ОВР Делчево дека извесно лице што се претставило како Д.Н., му се јавило на неговиот мобилен телефон нудејќи му да транспортира стока од Велес до Делчево за сума од 750 евра, но притоа да помине и во Кочани, каде што од лице од овој град требало да земе производи и да му остави 21.500 денари. 55-годишното лице, бидејќи имало информации за слични измами, сомневајќи се во понуденото, решило да го пријави случајот. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и во врска со измамата, на обиколница Скопје, кај клучката за Приштина приведени се А.М. (50) и И.З. (46), кој бил спречен откако се обидел да избега. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари. Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за истиот износ.

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 319 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 204 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Денеска (31.08.2022), СВР Штип спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила во брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 61 мерка, од кои 36 за управување возила со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 25 во населено место. Од санкционираните возачи надвор од населено место еден управувал возило со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, додека двајца возачи управувале возила со над 50 километри на час повеќе од дозволеното во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 37 прекршоци, од кои 26 поради неисправен уред за запирање…

На 31.08.2022 во 10.00 часот во ЕВР Карпош, Н.П.(43) од Скопје пријавил дека на 23.06.2022 околу 16.00 часот на ул.„Разловечко востание“ во Скопје бил физички нападнат од Д.П. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.А.(39) од Тетово пријавил дека околу 16.20 часот на Плоштад „Скендер бег“ во Скопје тој и С.М.(женско лице) биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2022 во 09.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во с.Стајковци, скопско, едно лице со закана од вработениот го одзел дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2022 во 23.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(25) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот пред маркет на подрачје на Бит Пазар, Скопје тој и неговиот малолетен братучед, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2022 во 20.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(49) од Скопје пријавила дека во 19.45 часот на паркинг на подрачје на Ѓорче Петров, Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од О.Ѓ.(40) од Скопје(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2022 во 18.50 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(42) од Скопје пријавил дека на 30.08.2022 околу 18.30 часот на автобуска постојка на подрачје на Центар, Скопје, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, Н.С.(37) од Скопје пријавила дека на 29.08.2022 околу 21.30 часот на подрачје на Центар, Скопје нејзиниот малолетен син бил физички напднат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2022 во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Д.(46) од Скопје пријавил дека околу 18.45 часот на подрачје на Гази Баба, Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.Б. од с.Инџиково, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ш.М.(34) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 26.09.2021, при претрес во домот на пријавениот, полициски службеници го затекнале него со еден малолетник како користат хероин.
На 01.09.2022 во 02.20 часот на ул.„7-ми Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје. Тој се сомничи дека на 31.08.2021 околу 21.45 часот на ул.„Даме Груев“ во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Content is protected !!