Добивме информација од Амбасадата на Р. Туркије во Р. Северна Македонија дека сепак нема да има потреба да се отпатува на терен, но и длабока благодарност за вашата посветеност и поддршка во овој тежок период, објави министерот за здравство
Над 500 здравствени работници од земјава се пријавиле на јавниот повик да заминат за Турција и да помогнат во лекувањето на повредените кои беа погодени од разорните земјотреси во понеделникот.
Меѓутоа, медицински тимови нема да заминат за Турција бидејќи турската амбасада ги известила македонските власти дека, сепак, нема потреба од таква помош, објави министерот за здравство Беким Сали.
„Вашата несебичност и посветеност да им помогнете на оние на кои им е потребна во овој предизвикувачки период е од непроценливо значење. Добивме информација од Амбасадата на Р. Туркије во Р. Северна Македонија дека сепак нема да има потреба да се отпатува на терен, но и длабока благодарност за вашата посветеност и поддршка во овој тежок период. Оставивте траен белег кај народот на Р. Туркије и сум почестен што имав можност да понудам таква прекрасна група на поединци која брои дури над 500 пријавени“, напиша Сали јавно заблагодарувајќи им се на пријавените здравствени работници.
Земјава на Турција ѝ понуди и две специјализирани теренски комбиња со два медицински тима, како и материјална помош и спасувачки екипи за расчистување на урнатините и извлекување на затрупаните.
Од македонските тимови вчера и денеска стигнаа добри вести дека успеале да спасат два човечки животи. Припадниците на Армијата вчера извлекоа петгодишно дете од под урнатините во градот Кахманмараш, а денеска тимови од Дирекцијата за заштита и спасување излегоа преживеана 38-годишна жена во градот Адијаман.
Над 500 здравствени работници од Македонија понудија помош: Од Турција кажаа дали им е потребна нашата помош
