Новинарката Мирослава Симоновска ја бранува македонската јавност, откако денес најпрво објави од свои извори, кои се причините за самоубиството на 17-годишното момче кое учело во Корчагин.
-Стоки едни, му викале на детето дека мајка му и татко му пошто се стари, дека му биле ко баба и дедо, плус дека бил сиромашен му се закатанчиле буџетарите и плус му се издрале у школо дека не ги вратил книгите од лани. И плус на тоа, прошталната порака пишал дека се надева оти децата сеа ќе се среќни шо го нема. Нема да ви помине булингов и криењево, сеа со сигурност знам!, пишува Симоновска.
Само неколку часови подоцна, таа открива нови детали од тоа што се случува во училиштето. Еве што напиша:
Опис и попис во Корчагин:
1. Дотична госпоѓа, иако многу фина на прв поглед, знае да биде многу незгодна особено додека не дознае кои родители се ,,поимаштливи”. Кога испрашува секогаш го користи таканареченото меѓу учениците ,,столче на срамот”. Оди по дневник и секое дете го тегне на сред училница, го седнува на столче и почнува да го испрашува додека сите други гледаат.
Му остава буквално една секунда да почне да зборува, инаку го прекинува во мислење и му кажува дека не знае и почнува вреѓањето како може јазик што го зборува цел свет да не го знаеш. И ред други работи ќе ти изнакаже и божем изнервирана ќе ти стави кец. Сето тоа е од причини што си организира елитни екскурзии по Европа и учениците знаејќи каква е, без никој да ги тера, уплаќаат да одат на екскурзија.
Ем ќе се прошетаат, ем ќе се спасат од малтретирање. Истата таа на екскурзии ветува дека нема да имаат проблем и кај другите професори велејќи им ,,не се секирај само кажи и на тичр и тичр ќе среди”.
2. Професорка која на сред час на своите ученици им кажува да умрат. Читала прашања од тестови што ќе ги дала и земале децата да ги запишуваат. Ги приметила и почнала да урла и епилогот бил ,,епа умрете не ви ги кажувам прашањата.
Истата таа генерациски вреѓа, кажувајќи им на учениците дека за неа се ,,како вечерно школо во Димитар Влахов”. За цели класови се има обраќано дека се глупи како да доаѓаат од Сопиште. Фаворизирање на максимум 20 ученици од цела генерација од 250.
3. Професорка која има обичај, секоја година, секоја генерација, поединечно секој посебно без исклучок да го прашува каде и што работат неговите.
Истата ги има ставовите: Грев е да се посвојува дете, грев е да си во брак а да немаш деца, секој што стапил во брак треба да има минимум 2 деца. Геј браковите се грев. Атеизмот е грев.
4. Професорка која ,,на зезанција” им раскажува на учениците дека друга професорка им ставила единици на цел клас и некој ученик застанал на прозор од училницата и и рекол на професорката дека ако не поправи ќе скокне. И се собрале сите да го убедуваат дека ќе поправи.
Ќе се пронајдете, аристократки!, пишува Мирослава Симоновска, а потоа објави и порака која ја добила од друг родител чие што дете учело друго училиште во Скопје, еве ја пораката:
-Ќерка ми 3 години во ЈБТ, ја префрливме сега во нов глас. Мака голема од искомплексирани деца чии родители земаат кредити за iPhone и Nike патики.
Класната „људина“ свикува вонредни родителски, тие родители на ниедна родителска ги нема. Ја исмеваат зашто носи очила, зашто живее во ….. ја прашуваат дали таму има вода и струја.
Не смее ќерка ми да седне на стол во училиште ја буткаат, бркаат и и го фрлаат ранецот. Секој ден плачење и молење да се тргне од тој клас. Класната ми се јави, ми вика гледам детето е несреќно со солзи во очи е секој ден. Видовме дека нема спас од таа багра и ја префрливме во друг клас. ВО надеж дека ќе ја остават на раат, стои во пораката.