(ВИДЕО) Балкан и се е можно: Министер потрупан со брашно среде улица – сите зборуваат за ова









Активисти на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД) изведоа денеска симболична акција против министерот за финансии, Хекуран Мурати, кого го обвинуваат дека им објавил војна на работниците, јави дописникот на МИА од Приштина.

На видеото што го сподели лидерот на ПСД, Дардан Молиќај се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на косовската престолнина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило, тресејќи го брашното од облеката.




– Симболична акција за работниците. Не може да се нормализира војната без преседан што Хекуран им ја објави на работниците. Затоа, акција, интервенција, отпор, напиша Молиќај.




Просветните работници, но и други вработени во јавниот сектор, од пред неколку дена се во штрајк, со барање за зголемување на платите, поради што во речиси сите училишта во Косово учебната 2022-23 година не започна на 1 септмври.




Мурати одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк, поради што образовниот синдикат пред два дена, во четвртокот, поднесе кривична пријава против него.




Вонпарламентарната ПСД ја формираа незадоволни поранешни членови на раководството на Движењето самоопределување, партијата на премиерот Албин Курти, чиј член е и министерот Мурати.

Повеќе за Косово:

Република Косово или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров. Прогласената држава го зафаќа географскиот регион Косово и истата е спорна територија меѓу косовските власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.




Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.

Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.

Косовскиот спор и војната од 1999 година

Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Вјоса Османи, а премиер е Албин Курти.




Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Округот Приштина.

„Косово е и подемократско и понезависно од Србија“

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово и Србија не си ја признаваат државноста и додека не дојде до меѓусебно признавање, Косово ќе продолжи со целосен реципроцитет. Според него, Република Косово не ја признава Србија и многу одлуки донесени од Србија се целосно незаконски за косовските институции и за граѓаните. Таквиот реципроцитет ќе трае сè до меѓусебното признавање. (Изјава)

„Се виде дека сè оди како што кажавме претходно или ќе има влезни и излезни документи и од страната на границата на Косово и од страна на Србија или на ниту една од нив, се покажа на ниту една од нив. Реципроцитетот во државата ни е во ред и Брнабиќ нека влезе во Косово со лична карта на сменетите власти во Белград и нека видат дека се работи за демократска држава, која е и подемократска од Србија и понезависна од Србија. Што се однесува до регистарските таблички, ќе го направиме најдоброто од дипломатски и демократски аспект, но уште еднаш ги повикувам сите граѓани од српската заедница кои имаат било каков тип на регистарски таблички КМ, ПР и слично, да ги сменат што побрзо, затоа што имаат два месеца да имаат корист до 5 илјади евра без да платат ДДВ, акциза и царина. Рокот е 31 октомври, како што веќе кажавме и верувам дека колку побрзо го направиме ова, толку е подобро не само за нашата земја и законите, туку и за нив. Воспоставуваме реципроцитет заради граѓаните, но за нас Србија не е призната држава и генерално имаме проблем со одлуките на таа земја. Воспоставивме реципроцитет и ќе продолжиме со понатамошен етапен кон целосен реципроцитет што е духот на дијалогот во Брисел, но е и карактер на договорот, каде во фокусот мора да биде заемното признавање“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

Државјанин на Косово приложил туѓ албански пасош на скопскиот аеродром




На 02.09.2022 во 12,30 часот на Граничен премин „Meѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведен М.С.(39) од Р.Косово затоа што на пасошка контрола истиот приложил патна исправа на име М.Р.(32) од Р.Албанија при што било констатирано дека истиот се служи со туѓа патна исправа, а при извршениот преглед кај него била пронајдена неговата косовска патна исправа. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција за понатамошна постапка.

Рама: Косово еден ден ќе биде дел од „Отворен Балкан“

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека верува оти секоја земја од Западен Балкан еден ден ќе биде членка на Отворениот Балкан.

Рама, кој заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски претседаваше со Самитот како дел од иницијативата на „ОБ“, повтори пред „Еуроњуз Србија“ дека е „на страната на косовската влада, во однос на признавањето“, но посочи дека има различно мислење од „косовската влада кога е во прашање дијалогот со Србија и пристапот кон ОБ“.

„Верувам дека Косово треба да учествува во ОБ и дека треба да одат на средба со претседателот Вучиќ. Тој вели дека секој може да седне на таа маса“, рече Рама.

На прашањето дали може да го замисли премиерот Албин Курти да седне на иста маса со другите челници на ОБ, Рама одговори потврдно.

„Се разбира. Имам капацитет да замислам работи кои другите никогаш не би помислиле. Тоа не е лудост, не е глупост, туку храброст, амбиција и верба. Амбициозно сакам да изградам мир со другите и имам храброст да го кажам тоа. Верувам дека и тоа ќе се случи. Косово еден ден ќе биде во ОБ. Нема сомнеж во тоа, бидејќи тоа е иднината. Убеден сум дека секоја земја во регионот ќе биде дел од ОБ“, нагласи Рама.

Премиерот на Албанија додаде дека Брисел е голема машина и дека за ОБ нема само едно мислење.

„Таму е Комисијата за проширување, а потоа и претседателот на Советот, отворено ја изразија својата поддршка за проектот, некои други беа помалку ентузијасти. Но, никој не е против. Тие велат дека ОБ треба да биде инклузивна. Се согласуваме, но ние не може со сила да вклучуваме други“, посочи Рама.

Рама вели дека ОБ е веќе инклузивна и отворена.

„Тоа е вистина. А можеби Александар Вучиќ лаже – па дојди и увери се – ако лаже, разоткриј го и кажи му на светот дека е лажго. Но додека тој е таму насмеан и вели „дојди“, а вие одбивате, тогаш тој не е, ти си лажго, затоа што тврдиш нешто за што немаш докази. Тоа им го кажав на моите пријатели од Косово – „дојди да видиш“, ако Вучиќ ти каже дека не те прифаќа, јас сум ќе излеземе од таму заедно со вас. Затоа што тоа е нешто за што се договоривме претходно. ОБ не е место за дискусија за историјата. Историските прашања не можат да се решат во ОБ или во Брисел“, рече Рама.

error: Content is protected !!