Помина први септември, учениците тргнаа на училиште, тоа можевме да го забележиме на социјалните мрежи, каде горди родители споделуваа фотографии од своите дечиња и секако од нивните свидетелства и нивните петки.
Тоа покрена лавина од коментари на социјалните мрежи, а Фејсбук статусот на Никола Аврамовски е полн погодок. Тој во неколку реченици го објасни целиот овој кич што го гледаме на социјалните мрежи, со желбата секој да докаже дека неговото дете е најдобро, притоа не внимавајќи на тоа што нависитна ќе го направи среќно неговото дете.
Прочитајте го статусот за кој зборува цела Македонија:
-Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади!
Не заборавајте дека 5 ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се.
Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова.
Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел.
Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл. децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог…
Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка… Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл.
Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете!
Почнува новата учебна година: Учебниците ќе доцнат, свидетелствата конечно пристигнаа
Учебната година почнува за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование, која од лани се спроведува етапно.
На почетокот на новата учебна година, учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование се во фаза на одобрување. Во меѓувреме учениците ќе учат од, како што велат од Министерството за образование и наука, соодветни материјали.
– Сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование за кои се изготвени нови наставни програми, се во различна завршна фаза на одобрување. На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви што се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени или дополнувања. Откако авторите ќе ги имплементираат повторно, ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници – велат од МОН.
Учебната година почнува за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование, која од лани се спроведува етапно.
За другите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени. Учебниците од четврто и од погорните одделенија освен во печатен, ќе бидат достапни и во дигитален формат.
– Во училиштето веќе пристигнаа новите материјали за учениците кои наставата ќе ја следат по новата програма, односно второ и петтоодделенците, додека, пак, другите ќе учат од учебници што ги враќаат учениците на крајот на учебната година – ни изјави Наталија Делева, директорка на училиштето „Невена Георгиева-Дуња“ од Скопје.
Учениците денеска ќе ги добијат и свидетелствата за ланскиот успех.
Учениците оваа учебна година ќе бидат ослободени од протоколите што беа на сила минатата година, но сè уште е непознато дали ќе можат да се комбинираат повеќе одделенија, на пример, при одржување на часот по физичко образование, како што беше случај пред пандемијата.
Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид протоколи и обврска за носење заштитни маски.
– Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема – изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Министерот Шаќири денеска во Илинден, Мала Речица и Чаир
По повод почетокот на учебната 2022-2023 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе ги посети основните училишта „Гоце Делчев” во општина Илинден, „Наим Фрашери” во Мала Речица, Тетово, и „Васил Главинов” во Чаир.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, заменик-министерот Лулзим Алиу на првиот училишен ден ќе го посети ОУ „Братство” во општина Карпош, а државниот секретар во МОН Анета Трпевска ќе го посети ОУ „Тодор Јанев” во општина Чашка.
МОН: Доделени сертификатите на втората генерација учесници на обука за преведувачи и за лектори
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот од оваа недела оствари средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села.
Министерството за образование и наука како сојузник на институциите кои вложуваат во младите, го поздрави основањето на Агенцијата во чии рамки се одржуваат обуки за преведувачи и лектори од македонски на албански и од албански на македонски јазик.
Во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа завршна церемонија на доделување сертификати на втората генерација учесници што посетуваа обука за превод и за лектура од македонски на албански и од албански на македонски јазик.
Гости на настанот беа членови на извршната власт, претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои шефот на Мисијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Сојузна Република Германија г. Ото Граф, раководители на јавни институции, членови на академската заедница, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите.
-Основањето на Агенцијата за нас беше добра вест за големо културно постигнување на Албанците и албанските политички сили кои дејствуваат овде и имаат дивергенции во други проблеми а во јазикот немаат дивергенции јазикот ги обединува припадниците на една нација, општеството и е средство за комуникација и е средство за национална гордост, истакна професор Емил Лафе.
Обуката опфати 72 учесника од 43 јавни институции што вршат работни задачи на превод и лектура на службените јазици. Наставниот дел од обуката го спроведуваа еминентни предавачи, универзитетски професори и лингвисти од нашата држава, од Република Албанија и од Република Косово кои конципираа соодветни предавања од одделни јазични области.
Воедно корисна алатка во спроведувањето на обуката беше и изготвениот Прирачник за обука чие печатење беше финансиски помогнато од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Министерството за образование и наука известува и дека од оваа година се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука.