Русковска останува суспендирана

Вилма Русковска се’ уште нема да се врати на работа во ОЈО ГОКК откако Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја отфрли нејзината жалба како неоснована откако Републичкиот обвинител, Љубомир Јовески одлучи времено да ја суспендира од работа.

Претседателот на Советот Антонио Јолевски вели дека врз основа на фактите, Советот одлучил да ја отфрли жлабата се’ додека трае кривичната постапка за нејзиното постапување при претресот во Управата за финансиска полиција и по предметот отворен по анонимната кривична пријава.

А обвинителката Русковска за ТВ 24 кратко изјави дека нема да ја коментира одлуката на Советот на јавни обвинители.

„Сега останува да чекам разрешница од кривичната пријава против мене, која впрочем е наведена во решението како причина за мојата суспензија.“ – изјави Вилма Русковска обвинителка.

Јолевски појасни дека Советот не решаваат дали Русковска е виновна по кривичната пријава туку само утврдува дали има докази за нејзиното времено отстранување од работа за да не може да влијае врз постапката. Тој вели дека ова не значи обесхрабрување на другите обвинители да не се борат против корупцијата и тврди дека нема да има обвинител кој нема да биде заштитен од Советот доколку достави докази дека врз него се врши било каков притисок.

Советот на јавни обвинители работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се’ уште нема избрано нови, а републичкиот обвинител Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.

error: Content is protected !!