Јавноста и натаму е во шок откако 17-годишник си го одзема животот скокајќи од катна гаража во центарот на Скопје.
Започнуваат да излегуваат детали од целиот случај, а според неофицијални податоци, детето било мета на своите соучесници, кои се подбивале со него.
За целата ситуација се огласи и поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова, која беше директна и јасна:
-Во шок сум од ова што излегува за случајот со детето од Корчагин.
Се плашам зошто го препознавам Андрија во него, тивок, затворен и со многу материјал за булинг.
Единствена разлика е што во мене се буди налудничавост кога се работи за него па можам да скинам глава и на дете. Не само на родител.
Во случајов, одговорност треба да сносат сите, особено кадарот во училиштето но и родителите на мангупчињата од прв до последен.
Многу скоро говорот на омраза ќе ве кошта скапо. Прва јас ќе почнам да наплаќам. Па ќе размислите и што коментирате, и како воспитувате.
Мирно небо, момче. Сите сме криви, пишува Миа, а веднаш потоа добива и сличен коментар, кој детално објаснува една таква ситуација. Еве што вели:
Јас го имав тој проблем со булинг 5 години со син ми.
Почна со малку, повремено, еднаш во неколку месеци, почна еднаш во месецот,ај реагирав кај наставничка и кај родителите, си мислев деца се, мали се, има време ќе се среди се. Се додека не кулминираше на ден на разделба во 5то одд кога му збореа да умре зошто сите го мразат, згора на се лично слушнав и видов како го гонат и се дерат по него. Е тогаш одлепив.
Причината за нивното однесување е дека наводно турнал телефон на земјата на некој сокласник, што не било ни точно, ама си барале виновник нели. А мојов пујче мирно, не е научен да се дере и да се кара.
Најжално е што некои родители ми рекоа: Нема шанси моето дете да кажало нешто такво, не е такво моето дете. А јас лично слушнав се, ама на сопственото дете повеќе се верува нели.
Пуштив известување до училиштето ако продолжи таквото однесување во 6то одд, тужби кон сите. Директорката наводно не знаеше ништо се додека јас не и се појавив на врата иако истите деца беа носени неколку пати кај педагог. Инаку ЈАС бев посочена како виновна што сум дозволила ЈАС тоа да се случува во школо толку години.
Среќа што со мојов 11 годишник имаме супер однос и разговараме за се. Сега е во клас со некои од истите деца што го малтретираа, исплашен е ама му кажав дека не смеат ништо да му преречат лошо или повредат физички некако, има да летаат од школо во најмала рака. После се по список. Ако до скоро си велев деца се, ајде ќе помине, сега веќе НЕ.
И уште потажно е што оние што прават булинг се од као средени фамилии, но очигледно ептен дисфункционални семејства.
Ќе го родиш, чуваш, воспитуваш правилно, за некој да го искористува тоа на најлош можен начин на најрана возраст. Е нече мочи!, коментира Цеце Крумова.
Но, во друг коментар пак, од родител кој исто така имал сличен проблем, вели дека попусти се реакциите:
Твојата сила и способност, жал ми е што морам да ти кажам дека ништо нема да ти е од корист. Секоја твоја реакција ќе го прави поголем таргет. 2 години пекол поминав од булинг, надимакот кој му го налепија уште го носи и веројатно цел живот ќе го носи и уште не можам да го голтнам.
Посебен таргет се деца со силни мајки. Од двете години ужаси и депресии во 5-6 одделение и 2 години силна изолираност единствено упали тоа што го здружив и инфилтрирав во групата на насилни распуштени одвратни деца (уште не можам да го голтнам ама детето морав да го заштитам)
Он за среќа не е таков но само на тој начин му се тргна таргетот од грбот, порасна самодовербата а сега веќе и си се дистанцираше од тие деца и оформи своја група. Книга можам да напишам за позадинската борба на една мајка со булингот. Децата денес се многу сурови, и не знам дали има решение, пишува Маја.
Билјана пак пишува:
На вакви искомплексирани „створења“ стварно ли не им објаснил никој дека фрустрациите и незадоволството од личниот живот нема да им го излечи изживувањето над некој друг ( додека имаат моќ)? Но кога таа „моќ“ ќе заврши, доаѓа онаа „другата“ која ќе им ебе матер до 7 колено.
Детето поентирало на крај, кога прашало дали се сега среќни кога го нема? Не се срце, тие комплексаши никогаш и не биле среќни, не ни можат да бидат. Само тебе никој на време не те заштитил. Јас…..во ваква иста, слична, помалку слична ситуација …масакар правам. Не само за дете. И за комшиче, и за колега, и за себе. Ќе уништам све, до последна клетка што им постои, од тоа семе проклето, исфрустрирано….
Со искуство се огласи и Моника Тасевска, која вели:
-Со оглед на тоа што моето дете се соочува со “другарчиња” кои се претвараат во мали злобници поради недостигот на внимание, љубов и воспитување, и не ме чуди се онаа што се пишува /зборува за случајот со починатото момче ( Вечна му слава)
Родителите пред се забораваат на своите деца, а со тоа заборават и колку други деца покрај нивните страдат поради нив.
Деца од 6-7г оделе до таа мера што на син ми му ги зимале насилно парите, јадењето, го имат претискано, уценувано и сл. да зима пари од дома, да им купува работи.
И на сето тоа родителите се однесуваат индиферентно. Сега сме преселени во село и најголемо олеснување ми беше што син ми нема да се соочува со такви деца, барем се надевам на тоа.
Менка Ризов пак пишува:
-Страшното е тоа што родителите ги поддржуваат децата што прават мобинг и капак на тоа ги издигаат високо и им даваат голема поддршка. Моите не можам да ги пуштам позади зграда да си играат, зошто мобинг им прават и машки и женски.
Им земаат велосипеди за едно кругче па потоа не им ги враќаат, им викаат со погрдни зборови, ги присилуваат на некои игри и доколку не прифатат ги тепаат. Дома среќа се отворени и се кажуваат, па имам убава комуникација со двајцата.