Во јавноста се создаде голема поделба. Дали треба или не треба да се известува за трагедија која се случи со ученикот од Корчагин.
Двете страни се „во право“, па едноставно е тешко да се одбере „вистинската“ страна за сето тоа.
Последна во низа се огласи и Ина Многуфина, која го изнесе својот став:
-Не разбирам зошто не пишуваат медиуми за трагедијата од Корчагин. Се што гледаме е на социјални мрежи и рекла казала муабети.
Случајот е од јавен интерес и отвара општествен проблем, апсолутно треба да знае јавноста дали има истрага и дали булинг правеле професори кои јавноста ги плаќа да ги насочат децата кон посветла иднина, а не да лечат фрустрации врз нив.
Треба да знаеме што превземаат надлежните и треба да почнеме да пишуваме повеќе за врсничко, психичко насилство и булинг. Малку се збори за тоа, да им дадеме на жртвите поддршка и повеќе информации каде може да побараат помош, пишува Ина Многуфина.
Накратко и брзо добива и одговор зошто е тоа така, од Жарко кој и коментираше: Има допис по маил од Советот за етика во медиумите на Македонија, да не се пишува… Од повеќе причини… А најверојатно има и истрага започнато.
-Советот за етика не може да кажува за што да се пишува, во дописот стои дека треба да се внимава како се пренесува веста, да не се прават поголеми проблеми со наслови за бркање кликови, враќа Ина Многуфина и додава: апсолутно не треба да се деси беља за да се информираме за опасностите и ужасите кои се меѓу нас секој ден. Медиумите би можеле да не известуваат во корелација со МВР, не треба приватности да пишуваат ама дали нешто се превзема би требало да сме во тек. Ако не се притисне за разврска нема да трае ни три дена, а и за следното ново нема да дознаеме ако го пикаме под тепих. Нешто се дешава, прошли месец едно школо, сега друго…
За истото се огласи и Миа Костова, која пак напиша:
Во шок сум од ова што излегува за случајот со детето од Корчагин.
Се плашам зошто го препознавам Андрија во него, тивок, затворен и со многу материјал за булинг.
Единствена разлика е што во мене се буди налудничавост кога се работи за него па можам да скинам глава и на дете. Не само на родител.
Во случајов, одговорност треба да сносат сите, особено кадарот во училиштето но и родителите на мангупчињата од прв до последен.
Многу скоро говорот на омраза ќе ве кошта скапо. Прва јас ќе почнам да наплаќам. Па ќе размислите и што коментирате, и како воспитувате.
Мирно небо, момче. Сите сме криви, напиша Костова, а потоа додаде уште една објава:
Благодарам на сите портали што споделија, исто така се надевам дека вака ќе се споделат сите поплаки за булинг со име и презиме на родители и наставници во иднина, за да превенираме вакви случки а и да се спасиме да некој малтретиран ученик не влезе во школо со калаш и не направи масакар кој го гледаме само по телевизии.
А на сите оние кои и понатаму на секоја тема имаат говор на омраза под објави на портал, уредно ве собирам, па ќе ве сликам кога ќе плаќате. Доста е. Никогаш не сум отворала вакви теми на инстаграм ама и те како ќе им се посветам. За деца се работи.
Секое дете Брејвик, е дете на такви родители. Нека одговараат со време, особено кога им е посочено. Колку знам, детето е Кире. Нека влезе некаде ‘законот на Кире’ доста возевте џипови на 15 години и доста покажувате муда уште непорасната.
СЕММ го осудува невнимателното медиумско известување околу самоубиството на ученик
Советот за етика во медиумите на Македонија остро реагира за невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.
„СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии. Прво, строго правило е дека за самоубиства не се информира, оти стручњаците одамна ја имаат потенцирано опасноста и корелацијата меѓу информациите за самоубиствата и нивниот број, односно како тие објави влијаат врз луѓето кои се ранливи и се во опасност. Од нив, токму младите се најизложени на тој ризик. Понатаму, доколку медиумите проценат дека се работи за исклучителен јавен интерес и дека информацијата мора да биде објавена оти отвора општествен проблем, тие во никој случај не смее да се повикуваат на неофицијални извори и/или да шпекулираат за можните причини“, се наведува во реакцијата.
Оттаму додаваат дека информацијата мора да биде не само сериозно проверена, туку така и обработена, со фокус на анализа на големата слика, а не на конкретниот случај и/или експликација на подробности.
„Имајќи ја предвид сензитивноста на темата, во своите пишувања медиумите исто така мора да се вклучат и во процесот на едукација на јавноста и превенција, а никако не да газат по линијата на сензационализмот“, подвлекуваат од СЕММ.
Покрај на експертските препораки за известување за самоубиства, Советот во реакцијата потсетува и на членовите 7 и 8 од Кодексот на новинари кои налагаат новинарите да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.