Вакво нешто не се памети. Без грам мозок – па уште и тврдел дека не возел тој, а има видео докази.
Не се сеќава кој возел, но тврди дека не е тој.
Норвежанец е осуден на 18 месеци затвор и доживотна забрана за возење откако полицијата го приведе поради пребрзо возење во мај минатата година.
Мотоциклистот и ја олеснил работата на полицијата бидејќи се снимал како вози 292 км/ч.
Првично полицијата го запрела по бркотница на мотор, по што е уапсен, јавува норвешката НРК. Камерата била поставена на неговиот мотоцикл и била пронајдена снимка која докажува дека човекот го возел моторциклот со екстремни брзини помеѓу јули 2020 година и мај 2021 година.
Властите се фокусираа само на најтешките прекршоци, обвинувајќи го возачот за 56 сериозни прекршоци за брзо возење. На суд тој е осуден на 18 месеци затвор, со доживотна забрана за поседување возачка дозвола.
Сепак, ваквите забрани во Норвешка овозможуваат повторно поднесување на дозвола после пет години.
Најекстремното видео е снимено на 10 септември 2021 година. На него се гледа човек кој брза низ тунел со брзина од 292 км/ч. По тестирањето на мотоциклот, полицијата утврдила дека вистинската брзина на возење е поблиску до 263 км/ч, но сепак е над 183 км/ч.
Полицијата пронашла и снимка како возачот престигнува десно и вози 210 км/ч на пат каде што границата е 60 км/ч.
Обвинетиот се бранеше дека својот моторцикл го позајмил на други и дека не е тој од снимката, но не може да се сети кои се лицата.
Инаку, тој возел BMW S1000 RR со 199 КС од 2016 година.
Повеќе за мотоцикл:
Мотоцикл (исто така наречен мотор) е моторно возило со две тркала. Мотоциклите значително се разликуваат во зависност од задачата за кои тие се наменети, како на пример: долги патувања, навигација во густо населен градски сообраќај, спортски и тркачки примени, или употреба за во теренски услови.
Мотоцикли се еден од најповолните форми на моторен транспорт во многу делови на светот, а за голем дел од населението во светот, тие, исто така, се најчест тип на моторно возило. Постојат околу 200 милиони мотори (вклучувајќи мотопеди, скутери и други мотори) кои се во употреба низ целиот свет, просечно околу 33 мотори на 1000 луѓе. Ова се споредува со околу 590 милиони автомобили, или околу 91 за 1000 луѓе.
Поголемиот дел од мотоциклите, т.е., 58%, се во земјите во развој во Азија, додека една третина од автомобилите во светот (195 милиони) се концентрирани во САД и Јапонија. Во Индија и Кина, има вкупно 6 милиони автомобили а 71 милиони мотоцикли.
Главната норвешка енергетска фирма го заврши излегувањето од Русија
Норвешката енергетска компанија „Еквинор“ соопшти дека целосно го завршила повлекувањето од Русија.
Во мај, „Еквинор“ги објави своите планови да се повлече од четири заеднички вложувања со руската нафтена компанија „Роснефт“ и да го остави нафтено поле, проектот Харјага.
Тој излез е завршен и „нема преостанати средства или проекти во Русија“, рече „Еквинор“.
Тоа е првата голема западна нафтена компанија која целосно се повлече од Русија, според Ројтерс.
Другите големи фирми како „Ексон мобил“, БП и „Шел“ и француската компанија „Тотал“се обврзаа да се повлечат од земјата или да ги стопираат инвестициите, но тие сè уште се во процес на завршување на излегувањата.
Во мај, „Шел“ ја објави продажбата на својот руски лубрикантски и енергетски бизнис на мало, но рече дека сè уште е во процес на постепено укинување на другите руски бизниси.
Во февруари, БП соопшти дека ќе го напушти својот удел од 19,75 отсто во „Роснефт“, но рече дека санкциите и руските правила значат дека сè уште не може да ги продаде своите акции.
„Тотал“ продаде некои од своите руски нафтени полиња, но вели дека зделките ќе бидат завршени до подоцна во септември.
„Ексон мобил“, исто така, ги претстави плановите за напуштање на своите операции во енергетскиот проект Сахалин-1 и рече дека повеќе нема да инвестира во нови развои во Русија.
Норвешка официјално Кралство Норвешка, или многу ретко Норвегија, е држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајќи го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснoвањето во 1624 година па сè до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди – Нобеловата награда за мир.
Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фарските Острови лежат западно преку Северното Море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Ноpвешка, во северен Атлантски Океан и Баренцовото Море, се дом на нејзините познати фјордови.
По завршувањето на Втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврт најголем извозник на нафта во светот, и нејзината петролејска индустрија зафаќа повеќе од четвртина од нејзиниот бруто-домашен производ. Норвешка е исто така богата со природен гас, хидроенергија, риба, шуми и минерали. Таа беше најголемиот извозник на морска храна после Кина во 2006 година. Други примарни индустрии се: преработка на храна, бродоградба, металната и хемиската индустрија, рударството, риболовот и производството на производи од хартија и пулпа. Норвешка има скандинавски социјален модел.
Норвешка била највисоко оценета од сите земји на полето на развојот на човекот од 2001 до 2006, и го дели првото место со Исланд од 2007 до 2008. Исто така, таа била оценета како најмирна земја во светот во 2007 година, и е една од основачите земји на НАТО.
Според археолошките ископувања се претпоставува дека Норвешка била населена уште пред околу 12 000 години. Тамошното население се населило на овие простори или од Северна Германија или од Северна Финска и Русија. Норвешките традиции биле променети во текот на 9 век.
Во текот на 9 век, Норвешка претставувала множество од мали кралства. Се смета дека Харолд бил оној којшто ги соединил сите мали кралства во 872 година по Битката кај Хаферсерд. Тој имено станал и првиот крал на Норвешка. За време на викиншката епоха од 8 век, норвежаните го населиле Исланд, Гренланд и дел од островите на Велика Британија. Тие ги основале и денешните ирски градови Лимерик, Даблин и Вотерфорд создавајќи трговска линија преку Корк и Даблин. Овие града подоцна станале најважните и најразвиените града во Ирска. Распространувањето на христијанството во Норвешка станало пред сè благодарение на Олав Тригвасон и Свети Олав, и покрај тоа што Хакон Добриот бил првиот христијански крал на Норвешка. Со примањето на христијанството, долгите традиции на норвешкото општество се измениле.
Во 1349 година, се појавила епидемија на тие простори која предизвикала смрт на околу 50% од населението на Норвешка. Ова довело и до огромно забавување на развојот на Норвешка во економски и политички план. Во времето на Кралица Маргарет I, Норвешка влегла во т.н. Калмарски сојуз со Данска и Шведска. И покрај тоа што Шведска во 1523 година ја напуштила унијата, Норвешка останала во сојузот цели 434 години, сè до 1387 година. Во текот на националниот романтизам, целата кралска, интелектуална и административна власт била сместена во Копенхаген, Данска. Ова била една од причините за слабеењето на Норвешка. Во 1537 година се појавило протестанството. Архиепископот во Трохејм бил прогонет и приходите на црквата биле испраќани во Данска. Во тој период, Норвешка изгубила многу верници како и провинциите Бахуслен и Јемтленд по војната со Данска и Шведска. Тие територии биле вклучени во составот на Шведска.
По нападот на Велика Британија, државата во сојуз со Данска создала нов сојуз со силите на Наполеон Бонапарта. Кралот Овденбург бил принуден да абдицира и да го предаде престолот во Шведска. Провинциите Исланд и Гренланд останале под власта на Данска. Веднаш по ова, Норвешка ја објавила својата независност. Данскиот крал Кристијан Фредерик бил избран за крал на 17 мај 1814 година. Шведска од друга страна ја принудила Норвешка династијата Бернадот да управува со земјата. Како замена на тоа, Норвешка ја зачувала својата демократска власт со независни институции.
Независност
Кристијан Микаелсен станал премиер на Норвешка во 1905 година. Тој има голема улога во историјата на Норвешка поради мирниот начин на отстранување на Норвешка од Шведска на 7 јуни 1905 година. Големото незадоволство од месното население била главната причина поради кој бил напуштен сојузот со Шведска. Веднаш по напуштањето на сојузот, бил објавен Референдум според кој норвешкиот народ ја претпочитале монархијата пред републиката. Така, норвешката власт го предложил данскиот принц Карл за крал на Норвешка. Тој го зел името Хакон VII. Во негово време бил даден правото на глас на сите мажи, а по 1913 година и на сите жени.
Прва и Втора светска војна
Во текот на Првата светска војна, Норвешка останала неутрална. Државата се стремила да ја задржи својата независност и во Втората светска војна. Таа била нападната од страна на Нацистичка Германија на 9 април 1940 година. Норвешка не била подготвена за војна, но сепак пружила отпор на Германија во следните два месеци. Освен СССР, ниту една друга држава во Европа за време на втората светска војна не успеала да ѝ пружи отпор на Нацистичка Германија. По војната, власта била земена од страна на социјалдемократите. Во 1949 година, Норвешка се приклучила кон НАТО.