Познат идентитетот на полицаецот во кој било пукано синоќа – кратко се огласија и од МВР за Фокус









Во сабота навечер, нешто после 21 часот се случило напад од лице кон полицаец, кој најверојатно во тој момент не бил на службена должност.

Било пукано кон полицаец, кој потоа е префрлен во болница.




Едно лице вечерва е повредено во пукање во скопската населба Чаир, а како што пренесе „Фокус“ неофицијално дознава дека станува збор за полицаец кој во моментот не бил на службена должност.




Според неофицијални информации, повредениот го познавал лицето кое во него пукало.

Од МВР пак само кусо соопштуваат дека имало пукање при кое е повредено лице со иницијали Р.М.




-На 03.09.2022 во 21.16 ч од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с. Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Повеќе детали од полицискиот билтен на МВР:

Извадок на дел од дневни настани 03.09.2022
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 02.09.2022 во 12,30 часот на Граничен премин „Meѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведен М.С.(39) од Р.Косово затоа што на пасошка контрола истиот приложил патна исправа на име М.Р.(32) од Р.Албанија при што било констатирано дека истиот се служи со туѓа патна исправа, а при извршениот преглед кај него била пронајдена неговата косовска патна исправа. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција за понатамошна постапка.

На 02.09.2022 во 19.30 часот во Полициска станица Центар В.Б.(21) од Скопје пријавил дека на ул. Крсте Петков Мисирков бил каснат од куче скитник.

На 02.09.2022 во 02.15 часот на подрачје на Центар, Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е А.З.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени таблети, грутчеста материја и тврд предмет за кој постои основано сомнение дека потекнува од сторено кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.09.2022 во 22.30 часот во Градскиот парк на подрачје на Центар, Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Л.Г.(19) и Т.Н.(26), двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.09.2022 во 12.00 часот во Полициска станица Карпош М.С.П.(38) од Скопје пријавила дека на ул. „Теодосиј Синаитски“ во Скопје била касната од куче скитник.

При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на 02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул„Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок. Од страна на полициски службеници од ОКП – Отсек за општ криминал при СВР Битола ќе биде поднесена соодветна пријава.Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период.

Вчера (02.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 20 возачи. Од нив 15 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Во текот на вчерашниот ден (02.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

На 02.09.2022 во Полициска станица Ѓорче Петров Д.Т.(35) од Скопје пријавил дека на ул. Ѓорче Петров бил каснат од куче сопственост на О.М.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (03.09.2022) на бул.Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од ПС Бит Пазар го лишиле од слобода И.Б. (55) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба по чл.236 од КЗ на РСМ, сторено на 15.07.2022. Извршен е службен разговор и приведениот во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Одземеното е вратено на оштетениот, а против И.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

На 02.09.2022 во 11.15 часот во ПС Чаир е пријавено дека пред угостителски објект на подрачје на Чаир, Скопје по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К.(60) и Ш.Н.(50), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 18.10 часот во Полициска станица Драчево Д.С.(21) од Скопје пријавил дека на ул. Славка Димкова бил каснат од куче скитник.

На 03.09.2022 во 04.30 часот во Полициска одделение Петровец Е.Н.(22) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на паркинг од угостителски објект во с.Марино, скопско била физички нападната од С.П. од населба Илинден, Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 18.28 часот во ПС Ѓорче Петров е пријавено дека едно лице со закана од вработена во аптека на подрачје на Ѓорче Петров одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово приведени се И.С.(35) и Е.С.(75), двајцата од Куманово во врска со пријава дека околу 14.30 часот на место викано „Орта бунар“ во Куманово, Е.С. со нож го нападнал С.Б.(39) од Куманово. За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.09.2022 околу 20.20 часот кај место викано „Куклишка крстосница“ во Струмица полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле товарно моторно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 22 лица мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 23.20 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е лишен од слобода С.А.(44) од Скопје затоа што во куќа во Гостивар физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.09.2022 во 19,00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.С.(46) од с.Никиштане, скопско пријавил дека неговата снаа А.Љ.(45) од с.Никиштане се оддалечила од нејзиниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој, во периодот од 29.07.2022 до 08.08.2022 година од градскиот плоштад во изградба во Кичево, од поставената подземна електрична инсталација, одзел електрични бакарни кабли.

На 02.09.2022 во 18.30 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на плоштад Македонија во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Ј.(33) и Е.И.(28) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 20.20 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на бул.Св. Климент Охридски во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки,управувано од Љ.Д.(72) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 01.09.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во гаражи од трговски центар на подрачје на Карпош, Скопје по претходна расправија околу паркинг место Р.П.(49) и А.А.(26) двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 18.00 часот во Полициска станица Гази Баба Б.К.(43) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом во с.Трубарево, скопско се оддалечила нејзината сестра Г.С.(40), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.09.2022 во Полициска станица Велес С.Н.(48) од Велес пријавил дека на ул.,,Невена Георгиева Дуња,, во Велес околу 20.30 часот настанал пожар на ормар со електрични броила сопственост на ЕВН Македонија. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

На 02.09.2022 во 13.00 часот во СВР Велес Л.П.(42) од Кавадарци пријавил дека околу 13.00 часот во неговиот плац за песок во близина на Црна река во Росоман, вработениот М.К.(45) од Росоман забележал артилериска граната 105 мм. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци, а од Дирекцијата за спасување и заштита истата е подигната за понатамошна постапка.

На 03.09.2022 во 03.20 часот во ОВР Кавадарци Н.К.(21) од Кавадарци пријавил дека околу 01.15 часот пред обложувалница во Кавадарци бил физички нападнат од М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2022 во 11.45 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар лишен од слобода е Ќ.С.(60) од с.Беловиште, гостиварско затоа што околу 11.00 часот во семејната куќа во с.Беловиште физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Content is protected !!