СИЛНА акциска контрола на МВР: Уапсени се ШЕСТ лица – ова се деталите









МВР: Акциска контрола во Битола, приведени шест лица за неовластено организирање игри на среќа




Полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план „Безбедно лето“, вчера по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул „Караорман” во Битола.




При претресите, како што информираа од МВР, затекнати се М. А. (32), Е. Р. (50), Ш. М. (47), А. И. (36) и двајцата организатори, сите од Битола.




Пронајден кокаин во тетовско, приведени четворица

Вчеравечер (3 септември) околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило “фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.




Во истото време во Горно Седларце лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.При нивен и преглед на нивното возило”бмв” со тетовски ознаки, исто така, им била пронајдена бела прашкаста материја.Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Сите шестмина се лишени од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 „комар“.




Седумдесет и четиригодишен кумановец со нож бодел сограѓанин, а син му со пиштол ја држел жртвата на нишан

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.

На 2 септември, на раскрсницата помеѓу улиците „Киро Фетак“ и „Борис Кидрич“ во Куманово, првиот осомничен со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, додека вториот осомничен со умисла му помогнал во тоа, отстранувајќи ги пречките за извршување на кривичното дело.




Осомничените го забележале оштетениот кој се движел по улицата „Киро Фетак“ со неговиот автомобил и во моментот кога пристигнал на раскрсницата со улицата „Борис Кидрич“, вториот осомничен за да го спречи да избега, од појасот извадил пиштол од неутврдена марка и калибар, му го попречил патот, застанувајќи пред возилото, го репетирал пиштолот и го вперил во правец кон оштетениот. Тој застанал со возилото, по што до автомобилот се приближил првиот осомничен и од зад грб извадил нож на расклопување. Најпрвин му се обратил на оштетениот со зборовите „кој си ти што не гледаш“, по што започнал вербално да се расправа и се обидел да му зададе убод со ножот во пределот на градниот кош. Меѓутоа оштетениот ја подигнал левата рака со цел да се одбрани, па осомничениот му задал убоди во пределот на левото рамо. Веднаш потоа двајцата осомничени избегале од лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Се запали „Форд Фокус“ на бул.Св. Климент Охридски

Во Полициска станица Центар вчера во 20:20 часот е пријавено дека на бул.Св. Климент Охридски во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки,управувано од Љ.Д.(72) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

МВР со кратко соопштение за синоќешното пукање во кој е повреден полициски службеник

Во текот на изминатата вечер во пукотници било повредено едно лице. Според информациите повреден е полициски службеник, кој во тој момент не бил на должност.

Од МВР кусо накратко информираа за инцидентот.

-Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново- велат од МВР.

МВР работи на расчитување на случајот.

МААЕ: И последниот од четирите главни далекуводи во АЕЦ Запорожје е надвор од употреба

Последниот главен далновод во украинската нуклеарна централа Запорожје не е во функција, но електричната мрежа продолжува да се снабдува со резервниот далновод, соошти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украинскиот персонал на експертите за нуклеарното надзорно тело на ОН им соопштиле дека четвртиот далновод од 750 киловолти не е во функција, откако претходно останале и без преостантите три, соопшти МААЕ на својата веб-страница.

Експертите, исто така, дознале од украинскиот персонал во нуклеарката дека резервниот далновод, што ја поврзува централата со блиската термоцентрала, испорачува електрична енергија до енергетската мрежа. Резервниот далновод, по потреба, може да обезбеди и снабдување со електрична енергија за нуклеарната централа Запорожје, се наведува во соопштението на МААЕ.

Проруските власти во покраината соопштија дека главниот далновод бил оштетен од гранатирање, пренесоа руските медиуми. Поради тоа, околните области се останати без електрична енергија.

Руските сили уште од март ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Европа, но со неа управува украински персонал. Постројката беше гранатирана, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за напади кои можат да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

Интернационалниот 14-член експертски тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во четвртокот го посети комплексот и изврши инспекција. Во него се останати шестмина експерти, а во наредните денови ќе заминат уште две лица, соопшти МААЕ.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државава

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомото сојузот.

На граничните премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Абазовиќ со виц за Црногорците го насмеал Вучиќ на саемот на „Отворен Балкан“

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот профил на ТикТок објави видео во кое го насмеал српскиот претседател Александар Вучиќ и раскажува виц за Црногорците.

Вучиќ во текот на изминатиот ден посетил неколку штандови на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се одржа во рамки на самитот, каде во разговор со дел од присутните изјавил дека испил околу сто чаши вино, пренесуваат српските медиуми.

Доброто расположение на Вучиќ го искористил и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, кој се пошегувал на своја сметка со тоа што на претседателот на Србија му кажал виц за Црногорците.

error: Content is protected !!