Граѓаните се во проблеми, имаат потреба од финансиска помош, а тоа ќе го направи самата држава.
Наместо санкции кон луѓето кои живеат во Германија, тие на своите сметки ќе добијат финансиска помош.
По консултациите што се одвиваа синоќа, во текот на ноќта и утринава, германската Влада денеска го објави пакетот за поддршка вреден над 65 милијарди евра за помош на граѓаните во услови на вртоглаво зголемени трошоци за енергијата и инфлацијата, јави ДПА.
Мерките вклучуваат нов, поевтин билет за националниот јавен превоз, паушален износ што ќе им се плаќа на пензионерите и студентите, од 300 и 200 евра соодветно за помош во трошоците за енергија, зголемување на бенефициите и зголемување на месечната сума што им се плаќа на родителите за секое дете – од 18 евра за прво и второ дете.
Владата натаму воведува пониски цени за одредено основно ниво на потрошувачка на енергија, така што потрошувачите ќе треба да плаќаат повисоки цени само откако ќе ја надминат оваа сума.
Пакетот е наменет за „сите домаќинства – исто така пензионери, студенти, технички студенти и чираци“, се вели во соопштението на владата, пренесено од ДПА.
Германија, службено Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland)[5] — сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство.[6] Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[7] Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.
Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.
Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.
Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија, кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во I век п.н.е.. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа.[9] Со водство на Октавијан Август, римскиот генерал Публиј Квинтилиј Варус започнал да ја освојува Германија (област која се протегала од Рајна до Урал). Во 9 година од нашата ера, три римски легии предводени од Варус биле поразени од водачот на Херуските, Арминиј. До 100 година од нашата ера, кога Тацит ја напишал Германија, германските племиња се населиле долж Рајна и Дунав, зафаќајќи го поголемиот дел од денешна Германија; меѓутоа, Австрија, јужна Баварија и западната Рајнска област биле римски провинции.[10]
Во III век, се појавиле голем број на западногермански племиња: Алемани, Франки, Хати, Саксонци, Фризи, Сикамбри и Туринги. Околу 260, Германите влегле во земјите контролирани од Римјаните.[11] По инвазијата на Хуните во 375 и со пропаѓањето на Рим од 395, германски племиња се поместиле кон југозапад. Истовремено, неколку големи племиња ја формирале Германија и раселиле неколку помали германски племиња. Големи области (познати од периодот на Меровинзите како Австразија) биле окупирани од Франките, а Северна Германија била управувана од Саксонците и Словени.
Германија е во Западна и Средна Европа, граничејќи се со Данска на север, Полска и Чешка на исток, Австрија и Швајцарија на југ, Франција и Луксембург на југозапад и Белгија и Холандија на северозапад. Главно се наоѓа помеѓу ширините 47° и 55° С (врвот на Зилт е малку посеверно од 55°) и должините 5° и 16° И. Територијата покрива 357.021 км2, која се состои од 349.223 км2 копнена површина и 7.798 км2 водена површина. Таа е седма најголема држава по површина во Европа и 62. најголема во светот.[49]
Висината се движи од планинскиот масив, Алпи (највисока точка: Цугшпице на 2.962 метри) на југ до бреговите на Северното Море (Nordsee) на северозапад и Балтичкото Море (Ostsee) на североисток. Шумскиот планински дел од централна Германија и низинските делови на Северна Германија (најниска точка: Вилстермарш на 3,54 под надморската височина) е испресечен од големите реки Рајна, Дунав и Елба. ледници се наоѓаат во алпскиот регион, но во последно време се забележува нивно топење. Значајни природни ресурси се железна руда, јаглен, потања, дрво, лигнит, ураниум, бакар, природен гас, сол, никел, обработлива земја и вода.
Поголемиот дел од Германија има умерена сезонска клима, во која преовладуваат западните влажни ветрови. Климата е под влијание на северноатлантската струја, северното продолжување на Голфската струја. Оваа потопла вода влијае на областите, кои се граничат со Северното Море; како последица на тоа на северозапад и север, климата е океанска. Врнежите од дожд се случуваат преку целата година, особено во лето. Зимите се благи, а летата имаат тенденција да бидат топли, со температура околу 30 °C.[50]
На исток има повеќе континентална клима; зимите може да бидат многу ладни и летата многу топли, а долгите сушни периоди се чести. Централна и Јужна Германија се преодни региони, кои се разликуваат од умерена океанска до континентална. Покрај поморската и континенталната клима, кои доминираат во земјата, Алпскиот регион на крајниот југ и во помал степен, некои области во Централните Германски Висорамнини имаат планинска клима, карактеризирана со пониски температури и поголеми врнежи.