Ако некој го има прекарот „Кралица на бакшишот“, тогаш автоматски значи дека знае како да го привлече вниманието.
Во Македонија таа среќа ја има пејачката Марија Тодоровска или во јавноста позната како Марија Луиса.
Марија потекнува од Битола, но моментално престојува во Скопје, каде ги има и највеќето ангажмани, а речиси и да нема ден кога таа не настапува.
Фолк пејачката покрај својот глас, вниманието кон себе посебно успева да го сврти со изгледот. Изгледа фантастично, знае да направи атмосфера и да измами аплаузи.
Но, покрај сето тоа, таа многу добро знае да го заработи и својот бакшиш, а како и не би..
Пред само еден ден, таа на социјалните мрежи се пожали, иако никој не обрати внимание на она што имаше да го каже.
Беше облечена во преубав жолт фустан, а во преден план и до израз доаѓаа нејзините гpади. Во рака држеше дел од бакшиот кој го заработии таа вечер, еден куп илјадарки, а сепак не беше задоволна.
-Стомак сум пуштила,- искоментира самата Марија за себе.
А, кој гледа во стомакот?, прашуваат сите други.
Моќна комбинација: Со овие три состојки во кафето, ќе почнете да слабеете
Кафето е одлично средство за губење на калориите затоа што го забрзува нашиот метаболизам, а посебно ако го пиеме на начин каков сега ви откривме.
Во утринското кафе можете да додадете три состојки кои веројатно веќе ги имате во кујна, а станува збор за циметот, кокосовото масло и мед.
Освен тоа што овој супер напиток може да помогне да го решите проблемот со килограмите, е и навистина превкусен.
Еве што ќе ви биде потребно:
1 лажичка цимет
3/4 филџан кокосово масло
1/2 филџан мед
За почеток сите овие горе наведените состојки помешајте ги во помала чинија и ставете ги во фрижидер, а таму можете да ги чувате дури и неколку дена.
И потоа секое утро кога ќе подготвувате кафе во него ќе додадете една до две лажчки од смесата. И тоа е тоа.
Конзумирајте вакво кафе секој ден и резултатите би требало да бидат видливи за брзо време.
Диета за брзо слабеење- 8 килограми за една недела
Ако ви е неопходно брзо слабеење, ова е вистинската диета за вас. Почитувајте ги овие правила и ќе ослабите 8 килограми за 7 дена.
Прво правило: Никогаш не прескокнувајте оброци за време на оваа седмица
Тоа што јадете еднаш дневно нема да ви помогне да изгубите килограми. Паузата помеѓу оброците не смее да биде подолга од 3 часа.
Второ правило: Не чекајте да прегладнете, јадете штом почувствувате глад
Експериментите докажале дека со овој план на исхрана може да се изгубат 5 до 8 килограми неделно. Но мора строго да се придржувате до упатствата!
Прв ден
Ова е најважниот ден во програмата. Првиот ден се јаде само овошје. Јадете какво овошје сакате, само немојте да јадете банани. Најдобро е да јадете што повеќе диња и лубеница. Не смеете да јадете зеленчук, ни жив, ни варен. Во текот на денот мора да испиете од 8 до 12 чаши вода. Ако сте гладни, слободно јадете уште овошје.
Втор ден
Овој ден посветете се на зеленчукот. Одберете го оној што го сакате. Може да го јадете жив или варен. Не смеете да додавате масло или сол. Само еднаш смеете да изедете порција варен компир. Неограничено може да јадете морков, брокули, краставица, тиква, зелена салата, зелка и домат. Нормално е вториот ден да имате некој вид дијареја, но немојте да се грижите – организмот се чисти. Не заборавајте да пиете 8 до 12 чаши вода.
Трет ден
Овој ден се комбинираат овошје и зеленчук. Смеете да јадете се’ од овошје и зеленчук, но заборавете на бананите и компирот. Важно е овошјето и зеленчукот да не ги јадете заедно. Направете шејк за појадок, сезонска салата за ручек и сечкано овошје за вечера. Не заборавајте да пиете вода.
Четврти ден
Ова е ден за банани и млеко. Може да јадете колку сакате, но нема да можете да изедете повеќе од 10 банани и 3 чаши млеко. Можеби мислите дека овој ден ќе гладувате, но верувајте дека нема да биде така. Испијте млеко за појадок, ручек и вечера, а помеѓу тоа јадете банани. Ви гарантираме дека нема да почувствувате глад. Пијте многу вода.
Петти ден
Ако обожавате домати, ова е ваш ден. За ручек изедете шолја варен ориз без зачини, а појадок и вечера вкупно 7 домати. Телото ќе ви произведе голема количина мочна киселина, па затоа мора да пиете многу вода. Денес задолжително испијте 12 до 15 чаши вода.
Шести ден
За ручек може да изедете шолја ориз. Остатокот од денот поминете го на зеленчук и овошје. Ќе видите дека телото ви е навикнато на мала количина на храна и нема да почувствувате потреба за јадење.
Седми ден
Последен ден од диетата. Имате право на мала чинија ориз и варен зеленчук. Денес немојте да јадете овошје во негов природен облик, туку цедете го како сок и пијте го.
По оваа диета ќе изгубите до осум килограми. Ваквиот план на исхрана може да го спроведувате само еднаш месечно.
Совети за слабеење што ќе ве спасат од одење во теретана
За да се намали телесната тежина, потребно е вежбање покра здравата исхрана, но не сите луѓе се чувствуваат пријатно во теретана.
За среќа, теретаната не е единствената опција ако сакате да изгубите тежина. Постојат неколку трикови и совети што треба да ги следите и килограмите ќе се намалат и без теретана и опрема.
Направете го вежбањето забавно
Не ви звучи забавно да поминете еден час на лента за трчање, но не секој тренинг е досаден. Постојат многу активности за подобрување на вашата кондиција и слабеење што истовремено се и забавни. Доколку сакате да го намалите струкот, можете да пробате вежби со хулахоп. Ако не сакате да вежбате во затворено, секогаш можете да излезете и да трчате или да возите велосипед. Ако, пак, сакате нешто сосема ново, пробајте скокање на трамполина. Важно е тренингот да не е обврска, туку забава.
Придружете се на група за вежбање
Ако веќе не сакате да трошите пари на членство во теретана што не го користите, можеби ќе сакате да се зачлените во аматерски спортски клуб или група. Пробајте одбојка, фудбал, кошарка… Ако не сте за тимски спортови, можете да се зачлените во клуб за трчање или за искачување по карпи.
Движете се секогаш кога ќе ви се укаже прилика
Обидете се да го промените вашиот животен стил и да се движите секогаш кога ќе ви се укаже прилика. Паркирајте малку подалеку и одете пеш до работа, користете скали наместо лифт, извршете ги домашните работи во определено време и ако работите во канцеларија одете до колега ако имате што да му кажете наместо да му испратите порака. Сите овие мали промени можат да ви помогнат да слабеете.
Разновидност
Ако постојано започнувате да вежбате и се откажувате по некое време, ви недостасува разновидност. Постојаното изведување на истите вежби може да го запре напредокот по некое време, исто како што постојаното јадење иста здрава храна може да стане досадно. Променете ја вашата рутина малку, променете ги оброците и менувајте ги вежбите на секои неколку недели.
Јога
Ако барате вежба што ќе ви помогне да изгубите тежина и да го затегнете вашето тело, јогата може да биде идеална опција. Ако сте почетник, треба да одите на неколку часови по јога за да бидете сигурни дека добро ги изведувате сите пози, а потоа можете да вежбате јога дома. Најдобри резултати ќе добиете ако вежбате јога 4 пати неделно.
Скокање со јаже
Скокањето со јаже е омилена активност на боксерите, и тие спаѓаат во спортистите со најдобра кондиција. Едноставна вежба што ги придвижува скоро сите мускули во телото. Покрај тоа, постојат еден куп варијации што можете да ги направите, и можете да скокате во ритам. За да бидете сигурни дека јажето е доволно долго, фатете ги краевите, застанете на средина од јажето и истегнете ги рацете онолку колку што дозволува јажето. Треба да бидат на ниво на градите.
Јадете помалку, но почесто
Треба да ги промените навиките во исхраната. Јадењето помали оброци, но неколку пати на ден може да го забрза метаболизмот и да ве одржи сити подолго. Почестите оброци го поттикнуваат телото да согорува маснотии отколку мускулно ткиво и го одржува нивото на енергија стабилно во текот на денот.
Почестете се
Многу режими на исхрана се многу строги во текот на неделата, па не е ни чудо што луѓето ги кршат за време на викендите. Попаметно е да се јаде разумно цела недела отколку да се јаде исклучително здраво пет дена, а потоа да се јаде нездраво за време на викендот. Најдобро е да си дозволите еден ден во неделата кога ќе си се почестите со неколку коцки од чоколадо или чаша вино. Ова ќе спречи прејадување.
Наспијте се
Ако сакате да изгубите тежина без теретана, тајната е во вашиот сон. Имено, треба да спиете 7 до 8 часа секоја вечер бидејќи тоа му помага на метаболизмот и го води телото до природно слабеење. Едно истражување покажа дека луѓето кои не спијат доволно често се гладни затоа што на телото му треба енергија за да остане будно. Недостатокот на сон исто така може да го наруши хормоналниот баланс, што може да направи да чувствувате глад дури и кога не сте гладни.