Гостивар завиен во црно: За неполни 24 часа две големи трагедии – загубени два млади животи









Две големи трагедии во одделни настани се случија во Гостивар, градот тагува за своите жители, кои млади ги загубија своите животи.




Најпрво вчера околу 13,25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.




По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде им подлегнал на повредите и починал.

За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На социјалните мрежи брзо се прошири веста и за уште една прерана смрт во Гостивар.

Станува збор за Е.Н, од село Дебреши, гостиварско, кој почина денес, по долго боледување.




Според локалните медиуми, Е.Н. бил на 26-годишна возраст. На починатиот му бил дијагностициран рак и по долга битка ја изгуби борбата со оваа тешка болест.




Извадок на дел од дневни настани 04.09.2022

Вчеравечер (3 септември) околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило “фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.Во истото време во Горно Седларце лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.При нивен и преглед на нивното возило”бмв” со тетовски ознаки, исто така, им била пронајдена бела прашкаста материја.Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 03.09.2022 во 21.16 ч од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), вработен во МВР кој во тој период не бил на работа, повреден од огнено оружје на ул.Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера (03.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 31 возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 04.09.2022 околу 01.00 часот на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од с. Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (7 од Авганистан и 1 од Пакистан). За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 околу 13,25 часот пријавено е дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде починал. За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 04.09.2022 во 00.40 часот во Полициска станица Гази Баба Р.П.(47) од Скопје пријавил дека на ул. Лазар Поп Трајков неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план “Безбедно лето”, по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул “Караорман” во Битола. При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар”.

На 03.09.2022 во 18,13 часот пријавено е дека во Свети Николе на ул.„Орце Николов“ мотоцикл „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(21) од Свети Николе, удрил во малолетен пешак од Свети Николе. По несреќата малолетникот бил пренесен во Здравствена установа Свети Николе, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

На 03.09.2022 во 21.15 часот, во Градскиот парк во Скопје во близина на угостителски објект, од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е З.Н.(22) од село Огњанци, скопско, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 во 17.15 часот пријавено е дека во Ресен на ул. ,,Ленинова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(65) од Ресен, и моторцикл „кавасаки“ со кичевски регистерски ознаки, управуван од Д.М.(39) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Д.М., констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска(3/4 септември) од 22 до 04 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.Во контролата биле санкционирани 16 пијани возачи (ТЕ-9 и ГВ-7).Сите возачи-прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци.Покрај ова, санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци ((ТЕ-12 и ГВ-8).

На 03.09.2022 е пријавено дека околу 16,30 часот на крстосница од ул.Васил Ѓоргов и ул.Народен Фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. (36) од Кавадарци, а според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото. Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

error: Content is protected !!