Колку време е потребно за една вдовица да престане да жали и да продолжи со животот?
-Сопругот замина на работа, а оттаму ми јавија дека умрел, едноставно паднал и престанал да дише. Што да правам, со мало дете останав сама, и наместо таа трагедија да е доволна, лоши работи продолжија да се случуваат, и да паѓам се подлаболко.
Со оваа реченица ја започнува својата испопвед Милен С. од Ужице која ја раскажала својата приказна со цел да се зборува за темата, за која сите мочлат.
-Штом маж ми почина, мене ми беше се јасно.Веднаш свекрвата почна да се однесува ужасно спрема мене и децата, и не ни дозволуваше ништо, а куќата ја препиша на другиот син.
Мене ми рече дека сега кога син и е мртов, мора на некому да ја остави.
Ја замолив да ми остави мелку земја за да може да ја обработувам, но не доаѓање во предвид. Дури и ќерка ми почна да не ја сака баба си, и сите ни велеа колку е ужасно тоа што ни го прави, но никој ништо не превземаше.
Немав што да правам, па од вујкото позајмив пари за да купам куќа од околу 30 квадрати и мало парче земја за да го обаботувам, толку беше доволно за мојата ќерка и мене.
И токму кога помислив дека се е готово, баш тогаш почна пеколот.
Поминаа две години откако почина сопругот, а јас најдов пријател кој беше секогаш тука за мене и ми помагаше кога бев сама. Ќерка ми го прифати, но никој друг не. Тетките ме прашуваа што барам јас со друг маш кога мојот сопруг уште се немаше „оладено„?!
Па колку да чекам за да се „олади„? 10 години? Па после да кажат дека сум чекала многу долго и дека ми е веќе доцна за да се бламирам.
Имам секс со него, постар е од мене и многи внимателен спрема мене и моите деца, ми помага околу се и е моја најголема поддршка.
Сакаме валкани игри, и си ги исполнуваме сексуалните соништа, и ДА среќна сум.Колку време треба да помине за да ми прости семејството? Кога смеам да имам друг човек во мојот живот? Кога?
Најпрвин ме отфрли семејството на сопругот а сега и моето.Сешто ми зборуваат позади грб, а него само го меркаат и му бараат маани.
Погледите им се како да сакаат да ме убијат.
Кога е во ред жена вдовица, која е близу до своите 50 гоДини да има друг маж? Кога ќе ми простат што најдов друг?
Не ми паѓа на памет да бидам како мојата баба, која цел живот беше сама по смртта на дедо ми, па поради осаменоста ги малтретираше сите околу неа.
Што мислите вие? Кога е вистинското време сопругата да престане да го оплакува мажот или обратно, сопругот да продолжи понатаму во животот?
Повеќе за зборот ЖЕНА:
Жена — човек од женскиот пол. Терминот жена е обично резервиран за возрасни личности од женскиот пол, а терминот девојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање од пубертетот до менопаузата.
Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.
Зборот жена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.
Изразот „женскост“ едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; „женственост“ се користи во однос на родовите улоги. Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки на Христијанството,[2] Бат мицвата во Јудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).
Во однос на биологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови карактеристики се вклучени во негувањето на деца. Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце клетки кои, кога оплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. Грлото на матката е орган со ткиво за заштита и одгледување на фетусот и со мускули за породување преку вагината. Изразот „вагина“ често се користи колоквијално и неточно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата, клиторисот и уретрата. Градите на жената еволуирале од потната жлезда и стекнале функција да произведуват млеко, хранливо лачење кое е највпечатливата карактеристика на цицачите.
За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки, ако е изложен на значителен износ на тестостерон (бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така, и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.
Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги променат секундарните полови карактеристики на фетусите. Жените обично имаат кариотип 46,XX, но околу една во 1 000 жени има кариотип 47,XXX, а една во 2 500 45,X. Тој се разликува од типичниот машкиот кариотип 46,XY; оттука, хромозомите X и Y се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондриската ДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондриската ДНК.
Иако се раѓаат помалку жени отколку мажи (соодносот е околу 1:1,05), поради подолг животен век, постојат само 81 мажи на возраст од 60 или повеќе за секои 100 жени на истата возраст. Вообичаено, жените имаат подолг животен век отколку мажите, а тоа се должи на комбинацијата од неколку фактори: генетиката (излишни и различни гени се присутни на половите хромозоми кај жените); социологијата и особено изборите во однос на здравјето (како самоубиството или употребата на цигарите и алкохолот); присуството на женскиот хормон естроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените пред менопаузата; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечкото население, во 2015 година имало 101,8 мажи на секои 100 жени.
Кај телата на девојчињата настануваат неколку промени за време на пубертетот, кој е процес на физички промени со што детското тело преминува во возрасно тело, способно за полова репродукција. Тој е инициран од страна на хормонални сигнали од мозокот до гонадите. Како одговор на сигналите, гонадите произведуваат хормони кои го стимулираат либидото и растот, функцијата и трансформацијата на мозокот, коските, мускулите, крвта, кожата, косата, градите, како и половите органи. Физичкиот развој—висината и тежината—се забрзува во првата половина на пубертетот и не завршува сè додека детето нема развиено возрасно тело. До созревањето на репродуктивните способности, претпубертетските, физички разлики меѓу момчињата и девојчињата се однесуваат на гениталијата. Пубертетот е процес кој обично се случува на возраст помеѓу 10 и 16 години. Главната ознака за пубертетот кај девојките е менархе, појавата на менструација, која се јавува во просек на возраст помеѓу 12 и 13 години.
Повеќето девојчиња поминуваат преку менархе по што можат да останат бремени. Проучувањето на женската репродукција и репродуктивни органи се нарекува гинекологијата.