МНОГУ ЛОШО: Палестина нападна полн автобус со војници на Изреал – веќе се подготвува одмазда









Палестинци денеска пукале во автобус со израелски војници што се возеле по пустинскиот автопат на окупираниот Западен Брег, објавија израелските воени власти и лекарите.

Во нападот се ранети пет војници и еден возач, што може да предизвика нови насилства.




Инцидентот се случил во близина на Јенин и Наблус, палестински градови што со месеци беа цел на интензивни и често смртоносни израелски напади.

Очевидци изјавиле дека група Палестинци што се возеле во автомобил го стигнале автобусот и отвориле оган врз него, а кога возилото застанало, се обиделе да го запалат.




Израелската телевизија објави снимка од запален автомобил откако, како што рекоа, во него експлодирала запалива бомба.

Палестинците не ја презедоа веднаш одговорноста за инцидентот, но портпаролот на исламистичката група Хамас го пофали нападот, велејќи дека тоа е доказ дека сите обиди на Израел да ги запре операциите на ескалацијата на отпорот на Западниот Брег не успеале.




Израел ги засили нападите на Западниот Брег во последните месеци, особено по неколкуте смртоносни напади од страна на Палестинците меѓу март и мај. Постојаното насилство уште повеќе го отежнува патот до палестинската независност. Преговорите со Израелците за формирање палестинска држава, кои се водат под покровителство на САД, заглавија во 2014 година.




Економската перспектива е слаба, а Палестинската управа, поддржана од Западот, која има ограничена самоуправа на Западниот Брег, го нема кредибилитетот што некогаш го имаше кај локалното население.

Повеќе за Изреал:

Термионот Израел, низ историјата, се користел како заедничко име за Земјата на Израел и на еврејскиот народ. Денешниот назив на земјата е Ерец Јисраел или Мединат Јисраел (Земјата на Израел и Државата Израел), а со тоа се отфрлиле имињата Зион и Јудеја. Во раните години на својата независност, властите на Израел го избрале терминот Израелци за назив со кој ќе се нарекуваат граѓаните на државата.

Историја по 1948 година
По одлуката на Обединетите Нации за поделба на Палестина на арапска и на еврејска држава (29 ноември 1947), Еврејскиот национален совет на 14 мај 1948 година го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. Арапска Палестина никогаш не беше основана. На 15 мај Египет, Ирак, Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Сирија го нападнаа Израел, со што почна периодот (сè уште во тек) на војни и немирни периоди меѓу нив. Како последица на Првата арапско-израелска војна, Израел е формиран на 78% од територијата на тогашната Британска мандатна територија Палестина.

По оваа војна Израел влегува во воени конфликти со соседните арапски држави уште пет пати: при Суецката криза од 1956, Шестдневната војна од 1967, Војната на исцрпување во 1969, Јомкипурската војна од 1973 и при инвазијата врз Либан во 1982 година. Во 1987 Палестинците ја започнуваат својата прва интифада, а во 2000 година својата втора интифада против Израел. Во 2006 година, по нападот на милитантната група Хизболах на израелска територија, Израел го нападна Либан со што започна Втората израелско-либанска војна.

По национализацијата на Суецкиот Канал од страна на Египет и забраната за пловидба на израелски бродови, Израел (во содејство со Велика Британија и Франција), во октомври 1956 година, го нападна Египет. Воената акција беше запрена под притисок на ОН и САД.

Во 1967 година Израел го нападна Египет, а истовремено, Јордан и Сирија го напаѓаат Израел. За шест денови, Израел ги окупираше Голанската Висорамнина (во Сирија), Западниот Брег (во Јордан) и Синајскиот Полуостров (во Египет) и ја блокираше пловидбата низ Суецкиот Канал. Израел ја зголеми својата територија 200%.

Ерусалим, поглед од Планината на маслинките

Четвртата војна меѓу соседите избувна во 1973 година, кога египетските сили го ослободија Каналот и навлегоа на Синај, но почетните успеси не беа доволни и тие беа присилени на повлекување. Првпат Израел претрпе големи воени загуби. Драматичен пресврт се случи во 1977 година, кога египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ги почнаа мировните преговори и се обидоа да внесат нова клима во регионот.

Израел се повлече (1982) од Синајскиот Полуостров, но набрзо завојува со Либан, каде што – наводно – биле базите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Во 1987 година ПЛО ја почна низата напади, востанички дејства и безредија (познати како Интифада) низ Израел, на што израелските сили секогаш реагираа со вооружени акции. Во 1989 година водачот на ПЛО Јасер Арафат објави дека Палестинците му го признаваат правото на Израел да постои. Во 1994 година Јордан и Израел потпишаа мировен договор, а во 1996 година се одржаа избори за Палестинскиот совет (претседател: Јасер Арафат) што се сметаше за чекор кон создавање палестинска држава на 6.220 км2 – во Појасот Газа и на Западниот Брег. Преговорите меѓу Палестинците и Израел почнаа во 1997 година, но ниедна страна не им даде првокласно значење, можеби и поради сè позачестените самоубиствени бомбашки акции на членовите на радикалните палестински струи, кои доведоа до обновување на недовербата и до повторно затегната ситуација. Мировните преговори (2000) меѓу Јасер Арафат и израелскиот премиер Ехуд Барак (во САД) не ги донесоа посакуваните резултати. Во основа, нерешените прашања и натаму доминираат во нестабилната ситуација во тој дел на Југозападна Азија.

Податоците се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.

Етнички состав: Евреи (околу 81%), 20% Палестинци (Израелски Арапи) и други нееврејски заедници. Вероисповед: јудејци 81%, муслимани (сунити) 14%, христијани. Писменост: 95%. Јазици: хебрејски (официјален), арапски, англиски.

Постои низина по должината на медитеранскиот брег која кон внатрешноста преминува во ридско-планински предели (највисок врв Мерон, 1.208 m), а потоа кон исток се спушта во долината на реката Јордан и депресијата на Мртвото Море (-396 m; според најновите мерења -416 m), најниската сувоземна точка на Земјата. Во јужниот дел е пустината Негев, која зафаќа речиси половина од државната територија. Хидрографија: реки – Јордан (делумно гранична со Сирија и Јордан) и Кишон; езера – Галилејско и Мртво Море. Клима: средоземна во приморјето, на исток планинска, во долината на Јордан сува суптропска и пустинска во Негев.

Израел е развиена индустриско-аграрна земја со природни богатства во кои доминираат фосфати, сол, магнезиум, железо и бром, со мали резерви на нафта и природен гас. Главни индустриски гранки се металургијата, производството на машини, автомобили, авиони, бродови и оружје, потоа хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената и индустријата за широка потрошувачка. Постојат околу 750 објекти за обработка на дијаманти (над 50% од светското производство). Земјоделството обезбедува околу 75% од прехранбените потреби на населението. Изградени се и се градат цели мрежи на водни акумулации, каптажи и канали, вклучувајќи ги и пустинските области каде што е овозможено одгледување на суптропски култури. Сите видови сообраќајни врски се на висок степен на развиеност. Парична единица: нов израелски шекел.

error: Content is protected !!