Oгромна колона автомобили: Пукање на автопатот Штип – Скопје, истиот бил затворен за минување













Фото: Илустрација

На автопатот Штип-Скопје, по Свети Николе, попладнево имало пукотници, дознава Фактор.




Според нивни информации, додека полицијата вршела увид, сообраќајот бил затворен, по што се создала поголема редица од возила.

На патот имало чаури од испуканите куршуми.




Според очевидците, на местото на настанот пристигнале неколку полициски возила.

Повеќе од билтен на МВР:

Извадок на дел од дневни настани 04.09.2022
Вчеравечер (3 септември) околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило “фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.Во истото време во Горно Седларце лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.При нивен и преглед на нивното возило”бмв” со тетовски ознаки, исто така, им била пронајдена бела прашкаста материја.Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 03.09.2022 во 21.16 ч од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), вработен во МВР кој во тој период не бил на работа, повреден од огнено оружје на ул.Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера (03.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 31 возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 04.09.2022 околу 01.00 часот на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од с. Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (7 од Авганистан и 1 од Пакистан). За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 околу 13,25 часот пријавено е дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде починал. За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 04.09.2022 во 00.40 часот во Полициска станица Гази Баба Р.П.(47) од Скопје пријавил дека на ул. Лазар Поп Трајков неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план “Безбедно лето”, по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул “Караорман” во Битола. При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар”.

На 03.09.2022 во 18,13 часот пријавено е дека во Свети Николе на ул.„Орце Николов“ мотоцикл „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(21) од Свети Николе, удрил во малолетен пешак од Свети Николе. По несреќата малолетникот бил пренесен во Здравствена установа Свети Николе, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

На 03.09.2022 во 21.15 часот, во Градскиот парк во Скопје во близина на угостителски објект, од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е З.Н.(22) од село Огњанци, скопско, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 во 17.15 часот пријавено е дека во Ресен на ул. ,,Ленинова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(65) од Ресен, и моторцикл „кавасаки“ со кичевски регистерски ознаки, управуван од Д.М.(39) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Д.М., констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска(3/4 септември) од 22 до 04 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.Во контролата биле санкционирани 16 пијани возачи (ТЕ-9 и ГВ-7).Сите возачи-прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци.Покрај ова, санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци ((ТЕ-12 и ГВ-8).

На 03.09.2022 е пријавено дека околу 16,30 часот на крстосница од ул.Васил Ѓоргов и ул.Народен Фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. (36) од Кавадарци, а според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото. Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 03.09.2022 во 08,35 часот во Полициска станица Ресен е пријавено дека, додека Т.Ш.(59) извршувал работни задачи на неговата парцела во с.Сопотско, ресенско, паднал од дрво, по што бил пренесен во Клиничка болница-Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.09.2022 во 16.05 часот во Полициска станица Гостивар М.Ј.Д.(58) од Гостивар пријавила дека околу 15,15 часот додека била на своето работно место во автоперална во Гостивар била физички нападната од Ш.З.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.09.2022 околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица противправно ја држеле и физички и со употреба на остар предмет нападнале малолетничка од Струмица. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 03.09.2022 околу 22,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Горно Свиларе, скопско, настанал пожар на багер „шингер“, сопственост на М.М.(63) од с.Долно Свиларе, скопско. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

На 04.09.2022 околу 03.30 часот на автопатот А1 кај клучка Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности ги лишиле од слобода З.Б.(23) и Б.Б.(36), двајцата од с.Драчевица, скопско, кои управувале патнички моторни возила „мерцедес “ и „голф“, двете со скопски регистарски ознаки, кои превезувале 14 лица илегални мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен Обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Карпош А.Ф.(18) од САД пријавил дека на 02.09.2022 околу 13.30 часот во близина на џамијата во с. Горно Нерези, скопско тој и Н.Ф.(21) од САД биле физички нападнати од повеќе лица, од кои едно употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатата вечер (03/04.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 155 возачи. Од нив 27 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Скопје…

Во текот на вчерашниот ден (03.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 290 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
На 03.09.2022 во 14.40 часот во Полициска станица Карпош Р.П.(50) од Скопје пријавила дека во двор во с.Бардовци, пронашла залутан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.09.2022 во 07.30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Б.(26) од с.Лопате, кумановско пријавил дека околу 07.05 часот на ул. 881 на подрачје на Гази Баба, Скопје додека управувал патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 03.09.2022 во 23,00 часoт во Полициска станица Куманово Љ.С.(45) пријавил дека околу 22.00 часот пред маркет во Куманово по претходно нерасчистени должничко доверителски односи бил физички нападнат од Б.А. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.09.2022 во 03,10 часот во Полициска станица Куманово Ф.Д.(39) пријавил дека околу 00.50 часот пред маркет во Куманово неговиот син бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.09.2022 во 10,30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на 02.09.2022 во 18.09 часот Т.Т. во нива во близина на бензинска пумпа кај место викано „Могила“, во прилепско, пронашол артилериска граната 105мм од првата светска војна. Од пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е подигната за понатамошна постапка.

На 03.09.2022 во 23.20 часот во Полициска станица Битола С.С.(39) од с. Кукуречани, битолско пријавил дека околу 21.30 часот во битолско по претходна семејна расправија неговата сопруга А.С. и малолетник биле физички нападнати од неговата снаа А.С. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.09.2022 во 22.09 во Полициска станица Делчево било пријавено дека е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.З.(35) и Д.И.(40) двајцата од с. Звегор, делчевско од една страна и Љ.М.(51) од Делчево од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.09.2022 во 02,40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен Н.М.(28) од Скопје со повреди од огнено оружје, а кои, според пријавеното, му биле нанесени на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Н.М. како напаѓач посочил лице од с.Горно Оризари, скопско. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.09.2022 во 17.05.часот во Полициско одделение Галате е пријавено околу 16.40 часот настанат е пожар во куќа сопственост на И.А.(64) од с.Градец, гостиварско, која е делумно опожарена. Пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

error: Content is protected !!