(ВИДЕО) Хаос на Евробаскетот: Тројца навивачи тепале играч – репрезентацијата најавува ЗАМИНУВАЊЕ од турнирот









Сето ова се случи во еден натпревар.

Кошаркарите на Грузија успеаја да ја забележат првата победа на овогодинешниот Евробаскет, ни помалку ни повеќе против селекцијата на Турција со 88:83, каде самиот резултат падна во втор план.




Натпреварот имаше две продолженија, но Грузијците заслугата за оваа победа ја должат на Шејн Ларкин, кој стрелаше за три поени на неверојатни 2/14.

Сепак, самиот натпревар го одбележаа бројни турбулентни одлуки и настани, кои дополнително ескалираа по крајот на натпреварот.




Имено, како што тврдат Турците, дури тројца Грузијци по крајот на натпреварот го нападнале Фуркан Коркмаз, каде физички се пресметале со играчот.

Тоа не е се, бидејќи дојдоа од Турција и закани дека ќе го напуштат натпреварувањето доколку не се појави видео на кое тоа јасно се гледа, за да можат дополнително да ги обвинат напаѓачите.




Еве го видеото од дуелот на играчите:

Ново изненадување на ЕП: БиХ подобра од актуелниот шампион Словенија

Само неколку часа откако во Тбилиси, Белгија го изненади актуениот светски шампион Шпанија, во Келн селекцијата на Босна и Херцеговина ја приреди втората сензација и го совлада актуелниот европски шампион Словенија.

Во одличен натпревар што се играше во „Ланксес“ арената, БиХ со 97:93 ја совлада Словенија.
Ова е прв пораз за Словенија на Европските првенства од 2015 година кога загуби од Летонија во осминафиналето.

По првата четвртина имаше пест поени предност (26:32), а во втората четвртина по тројката на Препелиќ и осум поени (32:40). Но, кошаркарите на Босна и Херцеговина возвратија со серија од 9:0 и поведа со 41:40. Потоа следеше нова серија на Словенија од 3:12, но на одмор се замина со само три поени предност на европскиот шампион (49:52).

Во второто полувреме, Словенците предводени од Лука Дончиќ никако не успеаја да се одлепат и на секоја нивна серија, кошаркарите на БиХ возвраќаа со своја серија. Натпреварот беше решен во финишот, прво Роберсон погоди тројка за водство на БиХ од 91:86, а потоа на сцена стапи Един Атиќ кој на 53 секунди до крајот постигна поени за 93:89, за во следниот напад да ги реализира двете слободни фрлања за 95:89 и големо изненадување.

Најефикасен во редовите на БиХ беше Џон Роберсон со 23 поени, Џанан Муса постигна 22 поени, Халиловиќ 13, а Атиќ и Нуркиќ по 12 поени. Влатко Чанчар со 22 поени ја предводеше листата на стрелци кај Словенија, Горан Драгиќ даде 20, но потфрли Дончиќ кој даде 16 поени, но ги промаши сите осум шута за тројка.

Франција си „играше со нервите“, но ја совлада Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Франција успеа да ја совлада селекцијата на Унгарија на крајот со 78-74. Овој дуел можеше да има поинаков тек во финишот, со оглед дека Французите „прокоцкаа“ разлика од 15 поени. Унгарците не се предадоа и до крајот стигнаа на -2 (76-74), меѓутоа Французите на крајот успеаја со два поени да стигнат до недостижни +4.

Французите речиси во целиот тек на натпреварот водеа, особено имаа импресивна разлика во првата и третата четвртина, но во последната можеа за малку да ја испуштат втората победа на Евробаскетот.

Најефикасниот играч доаѓа од редовите на Унгарија во името на Ханга кој реализираше 18 поени, а Јабуселе од Франција постигна 17 поени.

Изненадување на ЕП, Белгија ги шокира Шпанците

Првото големо изненадување на Европското првенство во кошарка, се случи во групата А во коај Белгија ја совлада Шпанија со 83:73 и стигна до втората победа.

Белгијците до победата дојдоа благодарение на серијата од 12:0 во финишот кога од 71:73 поведоа со 83:73, резултат кој на крајот се покажа како конечен. „Фуријата“ дури 3 минути и 37 секунди не постигна кош и на крајот го претрпе првиот пораз на Евробаскет.

Белгијците беа одлични и во првата четвртина кога примија само 11 поени, но втората четвртина Шпанија направи серија од 15:0 и поведе со 17:26. Тоа не и пречеше на Белгија која со трпелива игра успеа да ја врати резултатската негатива и на одмор замина само еден поен негатива, 32:33.

Во третата четвртина најголемата предност изнесуваше пет поени и беше во корист на Шпанија, но и тоа беше веднаш анулирано од Белгијците. И последната четвртина помина во неизвесна игра се до финишот кога Белгија со серија од 12:0 ја завери победата и го направи првото големо изненадување на ЕП. Најефикасен кај Белгијците беше Емануел Леком со 20 поени, додека Вили Ернангомез даде 18 поени за Шпанија.

Германија и Литванија го одиграа најлудиот меч на ЕП, белгиските лавови ја шокираа Шпанија

Селекцијата на Германија излезе како победник во најлудиот меч на Европското првенство на кое еден од градовите домаќини е Келн.

Голема битка водеа Германиците и Литваниците, битка во која победникот не беше решен по четири четвртини, битка по кој резултатот беше нерешен и по дополнителните пет минути за да во второто продолжение домаќините за нијанса бидат подобри за конечни 109-107.

Ова за нив беше трето славје во групата Б, додека пак за Литванците трет пораз и до крајот со БиХ и Унгарија ќе водат борба за пласман во нокаут фазата.

Вагнер со 32 поени беше прв стрелец кај победниите, кај поразените Валанчиунас уфрли 34 кошеви и 14 скокови.

Во Тбилиси пак се случи големо изненадување, Белгија ја доби Шпанија со 83-73. Белгиските лавови го надиграа фаворитот во вториот дел, а најрасположен за игра беше Лекомте кој даде 20 кошеви.

Залудни за Шпанеците беа 18 кошеви на центарот Вили Ернангомес.

На првата денешна средба Црна Гора го потврди фаворитскиот статус и ја доби Бугарија со 91-81.

error: Content is protected !!