Наде од Скопје: Ќе биде чудо ако не стигнам во Бардовци со тројцава мои мажи дома









Стануваш секој ден во 05:00, (слободно можеш да одиш на тараса да им свирнеш на петлите да се разбудат), до 7 саат се уморуваш како компири да си копал цел ден (спремаш доручек, спремаш маж, спремаш деца, се спремаш самата). Искачаш во 7.00…до 07 и 30 се чувствуваш како дечкине што расфрлаат весници по куќи (еден оставаш во градинка, друг во школо, трет на работа) идеш на работа.




До 16 часот хард воркинг, хард воркинг… идеш после собираш назад се што сабалје си остаил по градинка и школо…доаѓаш дома, таман си се наведнал кондурите да ги соблечеш слушаша -“мамоооо ми се јаде”.

Влегуваш дома и што да видиш -една чорапа на фотеља, друга на лустер, една пижама на стол, друга на фриждер оти насабаље експреано се спремаш како во војска да си, у тој момент гледаш цела кутија со играчки ја превртуваат наопачки за да нашле едно мало “брмче”….и пред да те удри срце си викаш-“мирна Надоооо, мирнаааа”.




На мени за ручек риба, компир и супа… Таман почнуваш да правиш ручекот да не заборавам да кажам дека уште не пресоблечен, неизмочан, неодморен, едниот ти вика не сакал риба сакал пржини колбасици, другиот сакал пржени компири со сирење а најголемиот (маж ми) една риба во релна а една да се испржела да не не му стасало.

И од 5 до 8 се занимаваш со ручек и тоа уште не пресоблечен од работа …миеш садови и гледаш дека имаш 5 минуи луфта и си викаш ЈЕСССССС конечно ќе одам до тоалет…таман седнуваш на шоља со чувство како на кралски стол да си седнал оти обавези со деца со куќа па немаш време, слушаша тропа на врата -“мамооооо, ѕеееееее”…..ооооооуиуууу шеттт!!!! И упаѓа како терориста во купатило седнува пред тебе и те гледа право во очи и те прашува -“ТО ПАИШ МАМА??”..-“КРЕЧАМ ЕБАГО, ШТО ПРААМ….




До 21 пишуваш домашно, си играш жмурка, на буквата на буквата…

И кога дошло веќе 21 и 30 подмочнуваш од радост зш им дошло време за спиење, и конечно ќе имаш време за себе и за одмор…




Ги успиваш…идеш седнуваш на тросед, една нига ставаш на маса една на фотеља, и конечно викаш -“имало господ и за мене”..ммижиш и пиеш кафе и чиниш у рајот на гости си отишол дека мир и тишина…

И одеднаш слушаш нешто шушка…собираш нозе, и ќутиш…слушаш пак шушка…се покриваш со ќебе само очите да ти се гледаат, и пазиш некој сенка се движи од спална, и прво што ти паѓа на ум дека куќата е проклета има духови, врагови, вампири, аждаји и у истиот момент си гго слушаш како ти чука срцето….и пред да помислиш дека срце ќе те акне, гледаш на врата мало дете во бело, главата како кошница му е од што се бушавело, му светат очите…гледаш и не веруваш на глетката, гледаш и ти се плаче.




Те гледа право во очи и ти вика -“мамооо ја танаввв(станав). И едвај се воздржуваш да не заплачеш..а ти се плаче ти се рика. И после ти чудат како ноќе морно си спиел, како ќе си легнел, така ќе си станел. Абре не спијам абре сум се онесвестила од замор бре….

Статус на Наде Т. Надица




Повеќе за мајка:

Мајка е жена која била во блажена состојба, се породила и израснала дете. Поради комплексноста и разликите во социјалните, културните и религиозни дефиниции на мајките, тешко е да се даде една општа универзална дефиниција која би била лесно прифатлива.

Кај цицачите, жената има можност да остане во блажена состојба каде во матката се развива фетус или ембрион. Кај луѓето, фетусот се развива девет месеци и потоа жената се пораѓа. Карактеристично за биолошката мајка е тоа што по пораѓањето се активираат млечните жлезди кои лачат млеко со кое се храни новороденчето првите една до две години.

Сурогат мајка е жена која е во блажена состојба и раѓа дете кое не е нејзино, туку за парови кои не можат да имаат дете.

Според Ерих Фром, мајчинството може да биде и деструктивно и да предизвика патолошки последици во психичкиот развој на нејзиното дете. Оваа фиксација на детето за мајката вообичаено се случува кога мајката е претерано приврзана за детето при што, во името на љубовта, сака да го задржи во себе. Тогаш, таа очекува дека, дури и кога ќе порасне, детето не треба да биде независно и слободно, туку сака да го задржи во своето заштитничко крило и, уште повеќе, да го врати во својата „сепримачка“ и „серазурнувачка“ утроба.

Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.

Зборот жена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.

Изразот „женскост“ едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; „женственост“ се користи во однос на родовите улоги. Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки на Христијанството,[2] Бат мицвата во Јудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).

Во однос на биологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови карактеристики се вклучени во негувањето на деца. Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце клетки кои, кога оплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. Грлото на матката е орган со ткиво за заштита и одгледување на фетусот и со мускули за породување преку вагината. Изразот „вагина“ често се користи колоквијално и неточно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата, клиторисот и уретрата. Градите на жената еволуирале од потната жлезда и стекнале функција да произведуват млеко, хранливо лачење кое е највпечатливата карактеристика на цицачите.

За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки, ако е изложен на значителен износ на тестостерон (бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така, и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.

Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги променат секундарните полови карактеристики на фетусите. Жените обично имаат кариотип 46,XX, но околу една во 1 000 жени има кариотип 47,XXX, а една во 2 500 45,X. Тој се разликува од типичниот машкиот кариотип 46,XY; оттука, хромозомите X и Y се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондриската ДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондриската ДНК.

error: Content is protected !!