Јавниот сектор на мака: Се крати работно време, од 9 до 15 – поради кризата со струја









КСС: Скратено работно време на админстрацијата за штедење на струја

Вработените во јавниот сектор да работат од 9 до 15 часот, останатите два часа да има само дежурства, а јавните претпријатија да добиваат субвенционирана струја.




На овој Владата треба да одговори на енергетската криза посочија денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати каде членуваат вработените во државните институции и компании.




Струјата која ќе биде заштедена од скратеното работно време синдикалците предлагаат да се пушти на индустриските капацитети.




Доколку властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и, пред се, во јавните комунални претпријатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за комуналните услуги, но и со губење на работни места.




Доведен ќе биде во прашање опстанокот на работникот во тешката зима што претстои“, изјави Благоја Ралповски претседател на КСС.

Од владата се категорични по ова прашање. Ставот на премиерот Димитар Ковачевски е дека државата помага како на граѓаните така и на компаниите за справување со енергетската криза.




Дополнителни субвенционирања државниот буџет нема кондиција да издржи.

„Околу 1000 евра ќе биде цената на мегават час во четвртиот квартал оваа година и квартал идната година, тоа е енормна цена и не може да ја издржи никој.

-Додека субвенционирате цена, од 1000 евра на 300 или 400 евра која би била прифатлива, замислете ја потрошувачката помножете по разликата 600 до 700 евра по мегават час колку би било тоа оптоварување за буџетот“, рече Димитар Ковачевски премиер.




Од први овој месец стапија на сила задолжителните мерки за штедење на струја во државните институции. Предвидени се санкции за раководните лица ако мерките не се почитуваат односно некоја институција не заштеди 15 отсто електрична енергија во однос на истиот месец лани.




-Денеска на пресконференцијата во владината зграда новинарите реагираа дека просторијата е многу постудена од 27 степени, на колку што треба да биде пуштен клима уредот, Ковачевски потврди и рече дека ќе биде наместена температурата според правилата. А во оваа кризна состојба мерката за штедење не се почитуваше ниту во Министерството за одбрана каде вчера на брифингот на министерката Славјанка Петровска климатизерот работеше на 22 степени.

error: Content is protected !!